Дали во другите клубови се тренира само ЏКД?
Во другите клубови се тренира само ЏКД. Во склоп на ЏКД има повеќе вештини.
За сега само во централниот клуб во Кисела Вода покрај групи за ЏКД има и групи за ММА, Бразилска Џиу-Џица и Граплинг.
Каде се одржуваат тренинзите?
Појаснување за распоредот и начинот на функционирање на Џит Кун До Центарот за боречки вештини “Д Стронгест”
Џит Кун До група – Напредна и Почетничка група
Редовните членови се поделени во две групи:
- Напредна група – ЏКД 1 – вторник, четврток 19.30 – 20.45 и недела 18.00 – 19.30;
- Почетничка група – ЏКД 2 – понеделник, среда и петок 19.30 – 20.45 часот.
Бразилска Џиу-џица :
- вторник и четврток од 20.45 до 22.00 часот и сабота од 11.30 до 12.45 часот.
ММА Мешани боречки вештини :
- понеделник,среда и петок од 20.45 до 22.00 часот.
Граплинг ( за сега само еднаш неделно ):
- понеделник од 20.45 до 22.00 часот.
Кои се сертифицирани ЏКД Инструктори во Македонија?
Сертифицирани ЏКД Инструтори во Македонија од страна на Си-фу Алексовски Ивица се:
1. Христовски Бојан;
2. Ралев Златко;
3. Попоски Бојан;
4. Брсакоски Аце;
5. Тодоровски Гоце.
Сите предходно издадени сертификати на други лица се неважечки. Тие им се одземени затоа што не ја прателе програмта како што било договорено и со тоа не биле во тек со програмата, не се дооспособувале, не напредувале и со тоа го воделе својот клуб неквалитетно.
Заложба на Си-фу Алексовски е секој негов клуб да биде со иста програма.
Дали планирате да отворите нови Џит Кун до клубови во Скопје?
Планираме од септември да отвориме неколку нови клубови за Џит Кун До. Планираме да отвориме еден клуб во делот на Бит Пазар-Чаир- Топанско Поле, еден клуб да го опфатиме делот на Козле и еден клуб да го опфатиме делот на Сингелиќ. Овие клубови ќе бидат само за Џит Кун До. Сите кандидати за ЏКД Инструктори ќе поминат ( покрај своето неколку годишно искуство на редовните тренинзи ) обука за инструктори во траење од 6 месеци и доколку го положат тестот за ЏКД Инструктор за Почетна Обука ќе се стекнат со право да бидат ЏКД Инструктори и да водат клуб.
Колку клубови има во Скопје?
Во Скопје има еден централен (гллавен клуб) кој го води Алексовски Ивица кој се наоѓа во ОУ Партенија Зографски во населбата Кисела Вода (во близина на Шампионче). Во овој клуб тренираат две групи:
- почетничка и напредна каде што тренираат сите поискусни членови и сите ЏКД Инструктори.
Освен овој клуб има уште три други ЏКД клубови и тоа во :
- во Ново Лисиче во ОУ Лазо Ангеловски - Д Стронгест Аеродорм;
- во Центар - ОУ Ј.Х.Песталоци - Д Стронгест Центар и
- Карпош - објекти на ф-ка Треска - Д Стронгест Карпош.
Тренерите во овие три клуба се сертифицирани од страна на Алексовски Ивица.
Дали доделувањето на појасите во бразилската џиу-џица е исто како во другите вештини?
Пред се не сакаме да навредиме ни една боречка вештина, но во последно време доделувањето на појаси стана работа од која се заработува и се комерцијализира. Се доделуваат појаси на луѓе што не ги заслужуваат со цел да се има повеќе повисоки појаси во својот клуб. Со текот на времето овој принцип се покажа како многу не сериозен и во некоја вештина имаме повеќе црни појаси отколку бели појаси.
Во БЏЏ тоа не е случај. За да се стекне на пример плав појас кој е втор појас по ред после белиот треба да поминат од 3-4 години редовни тренинзи. За да се стигне до црниот појас треба од 8 до 10 години искуство. Во БЏЏ е голем срам ако некој кој што е на пример плав појас да губи од бели појаси. Во РООТС Македонија доделувањето на појаси си оди по светски поставен редослед. Повеќето членови се со бел појас, но има и плави појаси. Ние не сакаме да се занимаваме со политика, туку сакаме да се бориме. Носењето на незаслужени појаси го оставаме за луѓето без морал и со големо его.
Каква е разликата помеѓу борбите во Џит Кун До и ММА?
За наши потреби формиравме бодовен систем во Џит Кун До борбите за да може тоа што се увежбува секој тренинг да го примениме во реална борба. Во што е суштинската разликата меѓу ЏКД и ММА бодовниот систем?
Борбите во ЏКД се изведуваат со заштитни кациги со мрежа, со ЏКД ракавици, заштита за нозете, заштита за гениталии, заштита за заби. Заштитните кациги се потребни за да ги намалиме повредите, но многу поважно е што членовите можат да применат удар со глава во глава. Ударот со глава во “уличните борби” е добро оружје за да се совлада поголем противник. Во ЏКД борбите дозволени се удари со глава, лакти и колена во глава, но тие се применуваат со лесен контакт за да не дојде до повреди. За разлика од ММА борбите каде што ударите со глава се строго забранети, во ЏКД е дозволено и со тоа секој наш член се стекнува со други квалитети. За да ова се изведе во спаринг, таков вид на вежби се изведуваат и на самиот тренинг. На пример при изведување на удари со лакти и колена во фокусери се додаваат во комбинацијата и удари со глава. Со ова се добива комплетен систем за реална примена на овој концепт. Во ЏКД борбите највеќе поени се добива ако се изведе “straight blast” принципот ( серија на удари во движење ) и комбинацијата заврши со трапинг техники (затворање на гардот на противникот). Кога вака би нападнале во улична борба имаме голема веројатност дека ќе совладаме посилен противник. Со принципот би ја растуриле базата на противникот, а со трапингот и ударите би ја завршиле целата работа. Исто така нискиот кружен удар (лоу кик) изведен во надворешниот дел од бутот се бодува со пола поен, а ударот изведен во внатрешниот дел се бодува со 3 поени – ова е со цел да се наведат нашите членови да изведуваат повеќе удари во внатрешниот дел затоа што ова го подразбираме како замена за удар во гениталии. Борбата на под може да трае највеќе 30 секунди со цел да се избегне борба на под за цело време на борбата. Доколку противникот го стопира нападот со некој ноже или рачен директен удар ( стоп ударот не е класичен удар туку како што кажува и самото име, да го стопира нападот ). Истотака се добиваа повеќе поени ако се пресретне нападот на противникот со задавање на рачен или ножен удар ( џит кун до во превод значи – пресретнување на противничнкиот напад ).
Ова се неколку од битните разлики мегу овие два вида на борби. Може да кажеме најблиску до Џит Кун До се Вале Тудо борбите.
Со овие критериуми сакаме да создадеме борец кој ќе може да примени се во дадена реална ситуција, удари со раце, нозе, тело, глава, борба во клинч, борба на под, борба со нож, борба со стап. Доколку некој тренира едни техники на тренинг, а се бори само кик бокс на пример, тогаш не може да добиеме квалитетен џкд борец.
Дали има појаси или степени во Џит Кун До?
Во Д Стронгест - Џит Кун До концепт и филозофија има осум степени на напредување.
Секој степен има своја програма за полагање и секој степен се разликува од предходниот како во изведувањето на понапредни техники, така и во изучување на различни вештини прилагодени според џкд потреби.
Секој има право само еднаш да полага во текот на една година.
Не е дозволено да се полага два пати годишно.
Значи за да се стекне некој со осми степен мора да тренира редовно минимум осум години.
Дали Вашиот клуб зе бразилска џиу-џица е единствен во Македонија и ако е која е линијата на пренесување на БЏЏ во Македонија?
Да, моментално нашиот клуб РООТС Македонија е единствениот клуб за бразилска џиу-џица. Неофицијално работи уште една група во склоп на Д Стронгест Центар.
Линијата на пренесување е следна:
МИТСУО МАЕДА – креаторот на Бразилската Џиу-Џица
КАРЛОС ГРЕЈСИ
РИКСОН ГРЕЈСИ
ЏОРЏ ПЕРЕИРА
ПАУЛО ГУИМАРАЕШ
РОБЕРТ НАУМОСКИ
ИВИЦА АЛЕКСОВСКИ
Сите техники кои се работат се по светската програма за бразилска џиу-џица. Неколку пати годишно во нашиот клуб предстојуваат повеќе светски мајстори за БЏЏ, за ММА, за Граплинг и со тоа во континуитет ја надополнуваме нашата програма следејќи ги светските стандарди и промени.
Тренирам карате веќе 10 години и ме интересира дали би можел да си тренирам карате, а во останатите денови да доаѓам на бразилска џиу-џица,мма или џит кун до? Што ми препорачувате Вие?
Ако веќе тренираш карате и си навлезен во тој спорт, би било добро да си го надополниш своето знаење со друга боречка вештина. На прашањето што би било добро за да го комбинираш со каратето зависи од тоа што ти и во кој дел од вештината би сакал да се надоградиш. Ако го комбинираш со Џит Кун До – ќе се надоградиш во делот на блиска борба (трапинг растојание), примена на сите видови на удари со рака, нога, глава, колена, лакти, тело итн..., борба на под, примена на најсурови техники кои реално би ти помогнале во “улична борба”, техники со ескрими, техники со нож итн...ЏКД представува комплекс пред се наменет за одрбана и напад при вистински напад.
Ако комбинираш со ММА – физички ќе бидеш на повисоко ниво ( сила, издржливост, аеробна кондиција, анеробна кондиција, борба во клинч борба на под итн...). Во комбинација со каратето ќе изградиш квалитетна база и во иднина би можел многу лесно се натпреваруваш во ММА борби. Денес имаме многу познати борци во ММА како Лиото Мачида, Ж.С.Пиер... кои како база го имаат каратето, но со додавањето на бразилската џиу-џица денес се светски шампиони во ММА.
Ако комбинираш со бразилска џиу-џица – техники кои никогаш не си ги работел со кимоно ( клинч борба, борба на под, гушења, фрлања, зафати на раце, нозе, врат итн...) ќе ти го дополнат делот кој фали во спортското карате. Овие борби се реални со примена на голема сила и издржливост, секако пропратена со квалитетна техника. Можеш да се натпреваруваш во БЏЏ борби и со тоа да стекнуваш искуство во борба каде што нема удари како во каратето, но има зафати, фрлања, борба на под која е многу исцрпувачка.
Дали и во другите ЏКД клубови можам да тренирам ММА, Граплинг или Бразилска Џиу-Џица?
За сега во другите клубови може да тренирате само Џит Кун До. Значи ММА, БЏЏ и Граплинг се тренира во клубот во ЏКД Центарот за боречки вештини “Д Стронгест” во населбата Кисела Вода во ОУ “ Партенија Зографски” под водство на Алексовски Ивица и неговите асистенти. Неофицијално како додатна дејност во ЏКД клубот “Д Стронгест Центар” работи група за Бразилска Џиу-Џица.
Дали може да присуствувам на семинарите кои ги организирате, а да не сум член на некој од Вашите клубови?
Секако дека може, со тоа што секој наш редовен член имам попуст на одредени семинари, а за надворешните членови важи редовната цена за семинарот.
Дали тренинзите се напорни?
Да, тренинзите се напорни затоа што без макотрпна работа нема високи резултати. Во прво време почетниците не се форсираат да работат се што работат и останатите постари членови, но со текот на времето тие ќе мора да бидат дел од тимот. Со редовни тренинзи не треба никој да се грижи дали ќе може да го издржи тренингот.