Во периодот од 05.04.2012 до 12.05.2012 година ќе имаме чест во нашата држава да предстојува еден од ВИП кога станува збор за боречките вештини, Проф. Џорџ Переира. Тој е носител на 6 ДАН во Бразилска Џиу-Џица предводен од големиот мајстор во оваа вештина и еден од најдобрите светски борци во ММА борбите Проф. Риксон Грејси. Оваа година се надеваме дека Проф. Переира ќе се стекне со корален појас ( 7 ДАН ) и ќе биде еден од неколкуте во светот кој поседува корален појас.Переира е неколку пати светски шампион во апсолутна категорија во БЏЏ, шампион во граплинг, шампион во Вале Тудо итн...
Истотака тој е организатор на уличните борби во Рио, Бразил наречени Хероите на Рио. Покрај што е организатор тој е и судија во овие борби без правила. Проф. Перериа бил неколку пати шампион во овие борби во Бразил и во светот. За разлика од денешните ММА борби (УФЦ, Страјфорс итн.) во овие борби има удари со глава, удари во гениталии, удари во грбот кои во спортските ММА борби се забранети.
Црниот појас го поседува повеќе од 25 години. Со ова ќе заклучиме дека има големо искуство како во БЏЏ борбите, така и во ММА борбите.
На 06 (петок) и 07.04.2012 (сабота) и на 09 (понеделник) и 10.04.2012 (вторник) кој ќе се пријави ќе има привилегија да земе лично од овој голем мајстор - приватни часови. Пријавувањето е во тек на 070 24 22 88 или на меил ivica@jkdmk.com.
Цените за приватните часови се следни:
- еден на еден со Проф. Переира - 2000 денари;
- двајца на еден - 3000 денари ( по 1500 денари од учесник );
- четворица на еден - 4000 денари - ( по 1000 денари од учесник ).
Со резервацијата се плаќа половина од цената за приватниот час.
Препорачливо е кој има планирано да земе приватен час тоа да го стои порано за да може да одбере термин према своите потреби (обврски).
Приватните ќе може да се изведат во следниве термини:
- 10.00 - 11.00 часот;
- 11.00 - 12.00 часот;
- 12.00 - 13.00 часот;
- 13.00 - 14.00 часот;
- 14.00 - 15.00 часот;
- 15.00 - 16.00 часот;
- 16.00 - 17.00 часот;
- 17.00 - 18.00 часот и
- 18.00 - 19.00 часот.
Попладневните термини се оние каде ќе има најголема побарувачка, па затоа е препорачливо да се резервира термин порано.
Семинарот ќе биде во недела 08.04.2012 година и тоа:
- 11.00 - 14.00 часот - бразилска џиу-џица и граплинг;
- 14.00 - 17.00 часот - пауза и
- 17.00 - 20.00 часот - ММА и Вале Тудо.
Учество за семинарот е 2000 денари за наши редовни членови ( со заверени легитимации и платена годишна членарина ) и 2400 денари за останатите учесници.
Во сабота ден пред семинарот ќе се одржи забава со Проф. Переира во кафе барот во Грин Кафе (ТЦ Бисер) со почеток од 19.30 часот. На оваа забава првенство ќе имаат оние кои ќе присуствуваат на семинарот во недела. Сите ќе имаат можност одблизу да поразговараат со Проф. Перериа, да се сликаат, да се забавуваат со останатите присутни.
Петок 06.04.2012 година
17.00 - 18.00 - зафатено ( Мухамед Џеваир)
18.00 - 19.00 - зафатено ( Мухамед - Есер )
Сабота
13.00 - 14.00 - зафатено ( Аце Брсакоски - Владимир Величков )
14.00 - 15.00 - зафатено ( Ристо Јанев + 3 )
15.00 - 16.00 - зафатено
Понеделник
15.00 - 16.00 - зафатено ( Аце Брсакоски, Матео... )
16.00 - 17.00 - зафатено ( Владимир Величков)
17.00 - 18.00 - зафатено ( Мухамед Џеваир)
18.00 - 19.00 - зафатено ( Мухамед - Есер )