/style/images/2.jpg

MMA низ светот

Објавено: 25.01.2012
Број на прегледи: 284

Сподели со твоите пријатели!

ММА ( мешани боречки вештини )  низ светот

Благодарение на телевизијата и интернетот во последно време ММА придобива се поголем борј на свои обожаватели. Повеќето традиционалани боречки вештини сеуште го држат високиот рејтинг во светот на боречките вештини , но во последно време ММА борбите се многу поинтерсни од порано затоа што повеќето луѓе кои тренирале традиционалана боречка вештина гледаат потреба да се надоградат со друга вештина. Одредени вештини се на некој начин “хендикепирани” во однос на ММА. Хендикепот е во тоа што во некои вештини преовладуваат  рачни техники, некаде ножни, во некои вештини борба на под  без удари итн. На сите овие на некој начин им “фали” по нешто, на пример на боксот му фалат ножни удари и борба на под, на џудото му фалат удари итн. Во ММА од ден на ден се повеќе се прават комбинации од разни техники од многу вештини и резултатот е видлив.

Во поново време благодарение на Брус Ли кој прв почнал да прави концепт заснован од повеќе боречки вештини и негова промоција преку тв, неговите филмови и книги, ММА борбите од ден на ден се повеќе се пософистицирани. Идеата во Џит Кун До-то ( концепт формиран од Брус Ли ) е секојдневно да се надоградува концептот  - како технички,така и тактички.  Во ММА има неколку дела  од кој е заснована како например борба на растојание, клинч и борба на под, но нема дефинирана програма на техники според кои секој МОРА да тренира како што е случај во другите вештини. Ќе се сложиме дека и традиционалните вештини порано изобилувале со разни делови од  борбата  ( удари, клинч, борба на под ), но благодарение на спортските натпревари денес и самите вештини не се тоа што беа  порано.

Денешните ММА техники се составени претежно од неколку боречки вештини како таи боксот, боксот, бразилската џиу-џица, борење, но има и делови од кунг фу, карате, џудо, сават итн. Со ова ќе видиме дека секој има слобода да се придржува до следниве три правила:

  1. Да собере  техники од повеќе боречки вештини кои му се лесни и практични за изведување. Знаеме дека сите борци си имаат техники кои им “лежат” и тие техники ги изведуваат лесно,брзо, со добар тајминг, па логично е тие техники да ги тренира повеќе од останатите. Со ова ќе се намалат многубројните техники и ќе се фокусира  на оние техники кои се за него  најквалитетни;
  2. Да ги отфрли техниките кои не може лесно да ги изведе. Има многу техники како на пример високи ножни удари кои многумина не можат да ги изведат и тие техники се голем проблем, па затоа треба сите техники кои се непогодни за изведување да се одстранат во својата тренинг програма;
  3. Да додаде свои специфични движења и техники. Една техника може да биде изведена на повеќе начини во зависност од тоа кој ја изведува. Но, доколку некој изведува некоја техника на “свој личен начин” и со тоа постигнува резултати, тогаш таа техника е квалитетна техника за оној кој ја изведува.

Доколку некој ги запази овие критериуми се доаѓа до фактот дека ММА како концепт секојдневно ќе се надополнува и ќе се усовршува.

Денешните шампиони во ММА борбите како Ренди Котур, Лиото Мачида, Џон Џонс, Андерсон Силва, Џорџ С. Пиер имаат одредена вештина која ја тренирале предходно и во таа вештина имаа највеќе познавање, но сведоци сме дека тие секојдневно сенадоградуваат во останатите боречки вештини и концепти. Гледаме дека Мачида е црн појас во карате и има големо познавање во каратето, но моментално е црн појас и во бразилска џиу џица. Со спојување на само овие две вештини веќе тој се комплетира како борец. Кога на ова ќе се додат техники од таи бокс, добиваме разновиден  концепт.

Денешната експанзија на ММА е благодарение на квалитентите турнири кои се организираат со помош на светски телевизиски станици , но истите се пренесуваат и преку интернетот. Сите турнири се пренесуваат преку реномирани тв куќи како што се ЕСПН, ФОКС, СПАЈК ТВ. Овие тв куќи имаат веќе разработен маркетинг и многу лесно ММА борбите ги носат во нашите домови.

Преку овие турнири разни борци сакаат да докажат дека една вештина е поквалитетна од  друга. Од  овие турнири произлегоа многу видео снимки на интернет, особено на популарниот видео сервис ју тјуб. Но, покрај сите предности кои ги даваат денешните технолошки достигнувања, мораме заедно да констатираме дека денес изобилуваме со т.н. ју тјуб инструктори. Ова важи како во светски рамки, така и овде во Македонија.

Преку овие трендови радува фактот дека повеќето од младите ќе се упатат во спортските сали и ќе сакаат да бидат како некој нивен идол од ММА. Со тоа тие се отргнуваат од улицата и има голема веројатност тие да изградат спортски карактер и навики.

Низ светот постојат повеќе т.н. Центри за боречки вештини каде што се тренираат повеќе вештини посебно. Во овие центри има повеќе тренери за разни боречки вештини, кондициони тренери се со цел да се достигне повисок квалитет на своите членови. Како дел од овие центри неизбежно се и салите за боди билдинг прилагодени за изведување на специфични вежби за потребите на една ММА борба. Тука се наоѓаат разни тегови, вратила, еластични јажиња, специфични направи прилагодени за подобрување на квалитетот на одредена техника, вреќи итн.

Со ваквиот пристап има голема веројатност секој кој тренира ММА дека ќе се стекне со повеќе квалитети : добра техника на удари (рачни и ножни), клинч борба, фрлања на под, борба на под (со удари и без удари-граплинг). Секој борец на некој начин ќе биде комплетен.

Боречка вештина која е доминантна во ММА борбите е бразилската џиу-џица. Благодарение на Ултимејт фајтот и познатата фамилија  Гресји , денес БЏЏ е вештина која брзо се шири низ светот. Секојдневно се отвораат нови сали каде што се изучуваа оваа вештина. Во спаринзите се применуваат разни техники, но интересно е самото бодување. Во БЏЏ борбите највеќе поени се добива од две техники : маунт ( кога едниот е седнат на стомакот на партнерот ) или го зафат од позади ( кога едниот е позади другиот , со нозете е околу половината на противникот и со рацете се обидува да изведе гушење или некој друг зафат )  - се добива по 4 поени. Со овој вид на борба, тренинг и настојување секогаш да се поентира со повеќе поени, кај секој БЏЏ борец ќе се создаде навика да биде во овие позиции. Гледајќи ги денешниве ММА борби гледаме дека ако еден борец е во маунт или од позади со зафат ,многу лесно  прави комбинации  со изведување на рачни удари. Кога ќе се нанесат тешки удари многу полесно се изведуваат и техники на гушење, арм бар итн. Со оваа констатираме дека доколку се тренира БЏЏ секој борец ќе изгради квалитетни навики, ќе изгради добра база, добар и цврст став, ќе научи како да транзитира од една во друга положба, како да го бутне или фрли противникот на под, да научи да се брани од поголеми противници ( во БЏЏ покрај борбите во иста категорија, најинтерсни се борбите во апсолутна категорија каде што имаме борби на борци од 70 кг. со борец од 120 кг. ). Благодарение на оваа вештина Грејси добиле многу борби против борци од други вештини.

Не треба да ги занемариме и боксот, таи боксот, борењето, џудото и останатите боречки вештини.

Денес ММА борбите се одржуваат во разни турнири-корпорации како што се Ултимејт Фајт, Страјфорс, Дрим и др. Овие спектакли си имаат свои борци, си имаат свои квалитети, свои телевизиски станици, па најмоќната од сите UFC купува помали и ги припојува кон оваа моќна елита на најдобри светски ММА борци. Сите борци се вклучени во разни реклами, разни промоции придонесувајќи секојдневно за зголемување на овој вид на спектакли.