/style/images/2.jpg

Разлики и сличности меѓу MMA и ЏКД

Објавено: 26.01.2012
Број на прегледи: 441

Сподели со твоите пријатели!

Кога збориме за Мешаните боречки вештини - ММА од една страна и Џит Кун До од друга страна, на прв поглед изгледа дека тоа е едно исто. Во прв момент и нема да погрешиме околу ова прашање, но кога ќе навлеземе подлабоко ќе видиме дека има големи разлики.

ММА колку и да ни изгледа насилно, крваво, нечовечно, сепак представува натпревар каде што има правила и ограничувања. Сакале или не ММА е спортско натпреварување. Џит Кун До представува концепт сличен на ММА, но тоа не е спорт. Тоа е концепт првенствено наменет за самоодбрана од реален напад на улица, одбивање на напад без оглед колкав е напаѓачот или колку е силен.

1. Во ММА борбите имаме временско ограничување на самата борба ( рунди ). Во реална борба нема ограничувања, борбата трае додека трае;

2. Во ММА имаме судија кој ја дели правдата заснована врз некакви правила на игра. Можеби едниот борец не сака да ја предаде борбата, но судијата ако увиди некаква повреда може да ја прекине борбата. Во реална борба нема судија и се е можно;

3. Во ММА имаме кафез или ринг па просторот на движење е огреничен. Борбата на улица може да почне на еден дел од улицата, а да заврши во некоја зграда, двор или на друга улица;

4. ММА борбите се базирани на некакви правила. Во реална улична борба НЕМА ПРАВИЛА. Значи не е забрането да се изведе удар со глава, удар во грбот, удар во гениталии, убод во очи, гризање се со цел одбивање на напад од себе или друг. Самото увежбување на техниките за ММА борба се така насочени да го научат борецот што смее и што не смее во борба да примени, а притоа да не биде дисфаликуван. Тоа создава калап кај самиот борец и многу очигледно е дека тој ќе биде и на улица при конфузна ситуација истиот како што е во ринг. При тренирањето на ЏКД покрај техниките важно е да се уважбуваат разни сценарија. Самиот тренинг во такви услови ќе допринесе нашиот ум да се “соживее” со таква специфична околина.

5. При одбивање на напад во ЏКД може да се употребат и прирачни средства ( стол, ташна, весник, даска итн. ) и во голема мерка можат да ни го спасат животот ( доколку не напаѓа некој со нож или не напаѓаат повеќе напаѓачи ). Во ММА борбите и тренинзите ни најмалку не се застапени овие сценарија.

6. Покрај сите техники кои се тренираат во голи раце, во ЏКД на дел од тренинзите се застапени и техники на напад,одбрана и комбинации со ескрими (палка или две палки) и нож. На овој начин самиот борец ќе се научи да го научи растојанието при борба со оружје, брзината на напад, реалните техники и слично. Во ММА борбите не треба да пишуваме дека ова не постои.

7. За да се справиш со напаѓач не мора да поседуваш голема сила, кондиција, издржливост применувајќи ги техниките од ЏКД. За ММА борба мора да си квалитетно подготвен, како технички,така и физички. Но, и на ЏКД тренинзите се посветува големо внимание на застапеноста на вежбите за физичка подготовка.

На крајот би заклучиле дека и ММА и ЏКД или било кој борец кој тренира друга боречка вештина со поголема веројатност ќе се справи при реален напад. Но самото разграничување меѓу боречка вештина и спорт е нешто што ги тера овие две нешта во различни правци. Самото прилагодување на некоја древна вештина кон спортско натпреварување е осакатување на таа вештина. Но, тоа е логично да го очекуваме ако сакаме да има натпревар и пак тие борци да можат да се борат за брзо време.

Ако денешниот директор на најпознатото светско ММА шоу, Дена Вајт вели дека Брус Ли е таткото на денешните ММА борби, можеме слободно да кажеме дека ЏКД концепт создаден од Брус Ли е таткото на ММА.

Денешниот концепт на ЏКД е значително променет од минатото бидејќи ЏКД е процес, а не класично заснован систем. Во тој процес ЏКД се прилагодува према промените во општеството. Поголем дел од програмата денес е сличен на ММА тренингот, но како и што пишавме погоре во текстот ЏКД си има свои предности кога говориме за реална борба и релани,конфузни сценарија.