Биографија за Христовски Бојан
Бојан Христовски е роден на 30 декември 1983 година во Скопје, Р. Македонија.
Во периодот од 2002 до 2006 година се стекнал со високото образование – дипломиран тренер по кик бокс на Факултетот за Физичка Култура, моментално е на последипломските студии на Полициската Академија во Скопје.
По завршувањето на факултетот, ноември, 2006 година се вработува во Министерството за Внатрешни работи каде работи и денес.
Интересот за боречките вештини, спортот, здравиот начин на живот, го стекнал уште во неговото детство. За прв пат започнал со вежбање и изучување на боречката вештина Карате во 1992 година при што стекнал и неколку диоломи и награди за неговите почетнички достигнувања.
Во 1997 година започнал со изучување на основите на боксот во клубот „Вардар“ кај тренерот Перо Трајковски.
Во март, 2001 година се запишува во ЏКД клубот „Шао Лин“ во Скопје под водство на Ивица Алексовски и Миодраг Константинов.
Во 2002 година Бојан, под водство на ЈКД инструкторот Си-фу Ивица Алексовски, се стекнува со зелена ознака, 2003 година – сина ознака и 2005 година – кафена ознака на полагањето изведено пред Си-Фу Златко Неделковски од Битола.
Во 2006 година, под водство на ЏКД, Dose Pares Eskrima i MMA инструкторот Си-фу Љубомир Јорданов , Бојан се стекнува со сертификат-почетен степен на полагањето изведено пред Си-фу Ивица Алексовски.
Во февруари 2008 година Бојан се стекнува со сертификатот – прв степен, а 14ти јуни 2009 година со втор степен JEET KUNE DO – концепт и филозофија на борба. Полагањето беше пред Си-фу Алексовски, под водство на ЏКД инструкторот Си-фу Роберт Пармаковски
На почетокот на 2008 година се стекнува со сертификат THE STRONGEST – JEET KUNE DO инструктор за почетна обука. Полагањето беше изведено пред Си-фу Ивица Алексовски.
При одржувањето на семинарот за изучување на боречката вештина Крав Мага на 03.10.2010 година под водство на Алекс Петров од Р. Бугарија, Бојан се стекнува со жолт појас (level 1) за истата вештина.
Покрај традиционалниот метод на изучување на боречките вештини, Бојан учествувал на два натпревари кои што се одржале во втората половина на 2011 година во Неготино и Прилеп во дисциплините ММА (mihed martial arts) со една победа и еден пораз и една ГРАПЛИНГ борба со победа.
Покрај горе наведеното, во текот на тренажниот процес, Бојан има посетено повеќе семинари меѓу кои:
- семинар за граплинг, Софија, Р. Бугарија под водство на Си-фу Гокор Чивичијан
- ЏКД семинар, Струмица, под водство на Си-фу Салвадоре Олива
- ЏКД семинари, Скопје, под водство на Си-фу Роберт Пармаковски
- ЏКД семинари, Скопје, под водство на Си-фу Ивица Алексовски
- БЏЏ и Граплинг семинар, Скопје, под водство на Проф. Роберт Наумовски
- Кик Бокс семинар, Скопје, под водство на Џавит Бајрами
Во октомври 2007 година, заедно со Златко Ралев, го отвора ЏКД клубот „THE STRONGEST – Aerodrom“ во ОУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче, под водство на Си-Фу Ивица Алексовски – главен ЏКД инструктор за Македонија и Балканот.
Биографија за Златко Ралев
Златко Ралев е роден на 28.05.1984 година во Скопје, Република Македонија.
Во периодот од 2003-2007 година се стекнал со високо образование, дипломиран правник на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје.
Уште од мај покажува интерес за спорт, дисциплина и здрав начин на живот. На 7 години во 1991 година се запишува во Карате клубот “Партизан” Скопје каде тренира неколку години и се стекнува со неколку појаси. Потоа прави пауза со боречките вештини и се бави со други спортови, па во 2000 година се запишува во клубот за руската боречка вештина за улична борба “Октагон” под водство на сенсеи Славе Пашовски и тренира околу 1 година.
На 17 ноември 2002 година благодарение на една плаката со славниот Брус Ли се запишува во ЏКД клубот Шао Лин во Скопје под водство на Ивица Алексовски.
Во 2003 година Златко под водствo на JKD инструкторот Ивица Алексовски се стекнува со жолта ознака, во 2004 година со зелена ознака и во 2005 година со сина ознака на полагањето изведено пред Си-Фу Златко Неделековски од Битола.
Во 2006 година под водство на JKD, Dose Pares Eskrima и ММА инструкторот Љубомир Јорданов, Златко се стекнува со сертификат - Прв Степен на полагањето изведено пред ЏКД Инструкторот Ивица Алексовски.
По преминувањето на клубот THE STRONGEST под водство на JKD Инструкторот Си-фу Роберт Пармаковски во февруари 2008 Златко се стекнува со сертификатот – прв степен JEET KUNE DO – концепт и филозофија на борба, а во 2009 втор степен JEET KUNE DO концепт и филозофија на борба.Меѓу другото во 2010 година се стекнува со жолта ознака за KRAV MAGA под Алекс Петров од Софија.
На почетокот на 2008 година се стекнува со сертификатот THE STRONGEST JEET KUNE DO Инструктор за почетна обука. Полагањето беше изведено пред JKD Инструкторот Ивица Алексовски. Покрај горенаведеното во изминатите години Златко има посетено повеќе семинираи меѓу кои :
- семинар за граплинг во Софија Република Бугарија под водство на Си-Фу Гокор Чивичијан
- ЏКД Сминари под водство на Си-Фу Роберт Пармаковски во Скопје
- Семинар за боречки вештини “Да се дружиме и почитуваме” во Скопје
- Семинар за кик бокс под водство на Џавит Бајрами
- Семинар за KRAV MAGA под водство на Алекс Петров во Скопје
- JKD Семинари во Македонија под водство на Си-Фу Ивица Алексовски
- Семинар во BJJ под водство на Проф. Роберт Наумовски
Во октомври 2007 година заедно со Бојан Христовски и со помош на Стефан Шуњевиќ го отвара новиот JKD THE STRONGEST – АЕРОДРОМ во О.У. Лазо Ангеловски во населбата Ново Лисиче под водство на Си-Фу Ивица Алексовски- главен JKD инструктор за Македонија и Балканот.