/style/images/2.jpg

Д Стронгест Карпош

Објавено: 03.02.2012
Број на прегледи: 1022

Сподели со твоите пријатели!

Биографија Тодоровски Гоце

            Гоце Тодоровски е роден 26 септември 1986 година во Скопје,Р.Македонија.

            Во преиодот од 2005 - 2010 се стекнал со високо образование,дипломиран универзитетски инжинер по машинство на универзитетот "Св. Кирил и Методиј"- Скопје.

            Низ текот на ноговото детство појавува интерес за повеќе спортови, но во тој период најмногу го прпивлекува кошарката. Во 1998 година започнува да вежба во Кошаркарскиот Клуб "Санс"- Скопје. На турнир организиран истата година од страна на К.К. "Санс" го освојува второто место.

            Во 1999 година преминува во К.К. "Академија Баскет" - Скопје,во 2000 година се здобива со прво место на стритбол турнирот,истата година се натпреварува и во кошаркарскиот куп на Македонија каде го освојуват второто место.

            Во 2002 година преминува во К.К. "Работнички", но таму се задржува кратко.

            Но  желбата кон спортот особено кон боречките вештини станува поголема и почнува да се занумава со проучување на овие вештини. Во 2003 година почна да вежба Џит Кун До  во ЏКД клубот "Шао Лин" во Скопје под водство на Си-Фу Ивица Алексовски.

            Во 2004 година под водство на ЈКД инструкторот Си-Фу Ивица Алексовски ,се стекнува со жолта ознака,2005 година со зелена на полагањето изведено пред Си-Фу Златко Неделковски од Битола.

            Во Мај 2009 година се стекнува со сертификатот - прв степен Џит Кун До - концепт и филозофија на борба,а во 2010 со втор степен Џит Кун До - концепт и филозофија на борба.

            На почетокот на 2011 година се стекнува со сертификатот Д Стронгест Џит Кун До Инструктор за почетна обука.Полагањето беше изведено пред ЏКД Инструкторот Си-Фу Ивица Алексовски.

            Во октомври 2011 година во Прилеп се натпреварува во дисциплината граплинг и освојува победа.

            Во текот на изминативе години Гоце има посетено повеќе семинари меѓу кои:

       - ЏКД Семинари под водство на Си-Фу Роберт Пармаковски во Скопје

       - Семинар за боречки вештини "Да се дружиме и почитуваме" во Скопје

       - Семинар кик бокс под водство на Џавит Бајрами

       - Семинар Крав Мага под водство на Алекс Петров во Скопје

       - ЏКД Семинари во Македонија под водство на Си-Фу Ивица Алексовски

       - Семинар за бразилска џиу-џица под водство на Проф. Роберт Наумовски

            Во Мај 2009 година заедно со Воислав Пангов го отвараат клубот "Д Стронгест Карпош" во населбата Карпош под водство на Си-Фу Ивица Алексовски - главен ЏКД инструктор за Македонија и Балканот. При карајот на 2010 година Воислав Пангов се повлекува од клубот и на негово место доаѓа Драган Каевски.Во октомври 2011година најстариот член на клубот Ариан Јусуфи го превзема местото на Драган Каевски и станува помошник инструктор во клубот.

Клубот се наоѓа во кругот на фабриката треска (Раскрсницата меѓу ул. Рузвелтова и ул. Иво Лола Рибар).Термините за тренинг се:

- Понеделник;

- Среда и

- Петок со почеток од 20:00 до 21:30 часот.

          Тренинзите се динамични се изведуваат на високо ниво со што се подобрува психофизичката состојба,помага при правилно развивање на телото и зголемување на самодовербата кај самата личност.

 Моментално клубот брои 35 членови , од кој редовни се:

  • Ариан Јусуфи - помошник и кандидат  за иден ЏКД инструктор,член во напредната група и член во РООТС БЏЏ -Македонија - носител на Втор Степен ЏКД;

 Натпревари:

          - Граплинг: 1 победа.

          -Бразилска Џиу-Џица: 1 пораз .

  • Ристо Јанев - помошник и кандидат  за иден ЏКД инструктор,член во напредната група и член во РООТС БЏЏ -Македонја - носител на Прв Степен ЏКД;

 Натпревари:

          - Граплинг: 1 победа.

          -Бразилска Џиу-Џица: 2 бронзени, 1 сребрен медал.

  • Зоран Коцев - помошник и кандидат  за иден ЏКД инструктор - носител на Прв Степен ЏКД;
  • Бојан Стефковски - носител на Прв Степен ЏКД;
  • Глигор Ристовски- носител на Прв Степен ЏКД;
  • Леарт Сарачини - носител на Прв Степен ЏКД;
  • Никола Ташковски;
  • Ристе Цветковски;
  • Бранислав Геразов;
  • Александар Ризински;
  • Бујар Ѓука;
  • Саит Ѓука;
  • Нуман Назим;
  • Александар Бошков;
  • Симон Јаневски;
  • Томе Петров;
  • Васко Дреноски;
  • Александар Стојановски;
  • Симеон Дацев;
  • Влатко Павлов;
  • Наталија Николовска;
  • Катерина Николовска;
  • Љубица Ѓореска;
  • Александра Јанкова;
  • Матеа Балабановска;
  • Маја Димитриевска;
  • Бојана Ѓореска;
  • Перо Шимиќ;
  • Оливер Поповски;
  • Михаил Корубин;
  • Стефан Малевски.