/style/images/2.jpg

РОБЕРТ ПАРМАКОВСКИ

Објавено: 07.11.2011
Број на прегледи: 167

Сподели со твоите пријатели!

 

Биографија на Пармаковски Роберт

основачот на RPI - Robert Parmakovski International

 RPI  е основана од главниот инструктор Си-фу Пармаковски Роберт. Со неговиот уникатен приод на вештината, тренирал и подучувал многу ученици во својата академија.

Неговиот пат во светот на боречките вештини почнал во 1979 година изучувајќи Шотокан Карате под водство на Сенсеи Савас која била добра основа за неговите понатамошни фул контакт борби.

На 15 - годишна возраст станал шампион на Викторија (Австралија) во борби (кумите) и ката и бил одликуван со црн појас.

Си-фу Пармаковски - црн појас во шотокан карате

Тој бил еден од најмладите црни појаси во карате во Австралија одликуван од Сенсеи Каназава и Сенсеи Касуја. Истотака на оваа  возраст почнува со пренесување на своето знаење на другите членови, искуство со кое денес Пармаковски евоулира  во тренер за повеќе области (боречки вештини, кондиционен тренер, масер итн...).  

Во 1999 година Си-фу Пармаковски го завршува Факултетот за Архитектура и Инжинерство и почнува да работи како професионален тренер за боречки вештини. Тренинзите во Академијата беа насочени во насока на зголемување на физичката кондиција на членовите, на совладување на техниките потреби за одбрана при реален напад, зголемување на самодовербата односно изучување на техники кои можат да ти го спасат животот. Тој процес беше единствен,уникатен. Секој член беше интервјуиран пред да почне да тренира во Академијата. Овој начин на комуникација со членовите покажа дека многу е побитен човекот од самиот систем, дека секој има различна причина за да почне да тренира боречки вештини. Со текот на годините Академијата ја доби заслужената репутација за квалитет. Посветеноста на Си-фу Пармаковски за борбеното и натпреварувачкото во вештината е евидентно преку секојдневно увежбување на основните техники и посветување на големо внимание на деталите и развивањето на атрибутите за постигнување на техничката компетентност. Овој ентузијазам е составен дел од неговото учење каде што им помага на своите ученици да разберат и оваа вештина да им биде дел од животниот пат. Боречките вештини од различни култури не треба само да се спојат заедно. Тие меѓусебно зависат во голема мерка за да можат да се движат нанапред и да евоулираат. Големината на Академијата некогаш и сега е да го држат и воздигнуваат миксот од култури што всушност правилно ги представува Мешаните Боречки Вештини - ММА.

Во 1979 година се запознава со Џит Кун До, Винг Чун и Кали преку неговиот тогашен тренер Т. Николов. Продолжува во светот на каратето под водство на светски познати мајстори во карате - Сенсеи Сава, Новак, Каназава и Касуја. Со  I  ДАН црниот појас во карате се стекнува во 1984 година. Истата година Си-фу Пармаковски беше одликуван со  Junior Teaching Instructorship.

Во 1989 година се стекна со II ДАН црн појас во карате и истата година доби Senior Teaching Instructorship.

Почетокот на Академијата беше во 1992 година кога Си-фу Пармаковски го отвори својот прв клуб за мешани боречки вештини.

Во 1995 година одржување тренинзи во Јапонија и беше одликуван со III ДАН црн појас во карате директно од Сенсеи Такимото, Аказава и Канаја.

Неговото запознавање со јапонската џиу-џица и џудо почна во 1995 година. За надградување на неговото знаење во во џиу-џицата, џудото и граплингот во 1999 година почнува да изучува  Gracie Jiu-jitsu.

Во 1999 година при својот престој во САД кај Си-фу Пол Вунак се стекнува со Phase 1 Instructorship in Jeet Kune Do and Filipino Kali PFS.

По врќањето од САД ја отвора неговата Џит Кун До Академија во Мелбурн. Таму почнува да работи нон стоп, одржува редовни тренинзи, одржува приватни тренинзи, врши подучување на полицијата, службите за обезбедување.

Во 2000 година се стекнува со Full Instructorship in JKD/Kali PFS. Интересот за другите составни делови од ЏКД расте и во 2002 година започнува да ги изучува деталите од бразилската џиу-џица кај својот пријател и тренер Професор Џон Вил (Machado Brazilian Jiu-Jitsu).

Во 2004 година во Академијата прави семинар еден од најдобрите светски мајстори за ЏКД, Кали, Филипински боречки вештини, IV ДАН во бразилска џиу-џица, Граплинг, Си-фу Рој Харис.

 

 

Си-фу Рој Харис & Си-фу Пармаковски

Поминувајќи ги сите поставени тестови од страна на Си-фу Харис се стекнува со Grappling No Gi Instructorship. Со ова Академијата станува член од големото семејство на Harris International.

Во 2006 година официјално ја отвора својата RPI Academy Macedonia и RPI Academy France. Си-фу Пармаковски е основач и главен инструктор на Д Стронгест Македонија. Одговорен за предавање на техниките и ширење на овој концепт во Македонија и Балкан го назначува Си-фу Алексовски Ивица.

   Си-фу Алексовски & Си-фу Пармаковски

Во 2009 година во организација на Си-фу Алексовски  организира семинар за ЏКД, Кали и ММА на кој има над 100 учесници од разни клубови ( покрај членовите од џкд клубовите имаше и учесници од други вештини, агенции за обезбедување, специалниот одред на полиција "Тигар", Единицата за бразо распоредување итн. ).

 

Си-фу Пармаковски истата година заедно со Си-фу Алексовски организираше семинар за бразилска џиу-џица & граплинг и по овој семинар почна да работи првиот клуб за бразилска џиу-џица во Македонија. Поради просторно  ограничување на смиенарот имаше околу 50 учесници.

Во 2011 година го поканува најдобриот македонски таи боксер Кру Јован Стојановски да одржи семинар во Академијата. Си-фу Пармаковски по поминување на тестирањето од страна на Кру Стојановски се стекнува со титула Кру - таи бокс мајстор под водство на Кру Стојановски - Instructor Level in Muay Thai under Kru Jovan Stinger Stojanovski and the Northern Thai military district Thailand.

Во месец јули одржа семинар во Скопје. Иако беше период на летни одмори на семинарот имаше скоро 80 учесници.

По успешно завршениот семинар Си-фу Пармаковски одржа посебен тренинг со Си-фу Алексовски и неговите ЏКД Инструктори. На овој семинар се увежбуваа поконкретни техники, многу понапредни од оние на семинарот.

 

Во текот на својот престој во Македонија, Си-фу Пармаковски секојдневно заедно со Си-фу Алексовски тренираше и несебично го предаваше своето знаење. На овие тренинзи се увежбуваа техники од џкд, кали, мма, граплинг, бџџ итн.

Истата година по многу приватни часови со единствениот македонец носител  на црн појас ов бразилска џиу-џица Проф. Роберт Наумоски , Си-фу Пармаковски добива плав појас во БЏЏ под Проф. Наумоски (Roots BJJ Sydney).

 Си-фу Пармаковски & Гуру Ден Иносанто  Си-фу Пармаковски & Лари Хартсел

Во последните две година организира семинари со светски познаи мајстори во својата Академија. Прави семинар со еден од првите ученици на Брус Ли и денешен најдобар мајстор за ЏКД, Гуру Ден Иносанто. Покрај Иносанто во Академијата семинар прави и светски познатиот мајстор во ЏКД, Кали, основач на "Combat Submision Wrestling", тренер на познати ММА борци (Брок Леснар, Џош Барнет), Си-фу Ерик Полсон. Неговите достигнувања во натпреварите во разни боречки вештини се големи. Во неговата младост тој бил 21 пат Шампион на Мелбурн во Шотокан карате, 13 пати Шампион на Викторија, Австралија во карате, 2 пати Шампион на Австралија во карате, имал повеќе борби во ММА, вршел обука на воени и полициски органи, тренерско искуство во Јапонија, Америка, Европа и Австралија, 10 години искуство во Corporate Self Defense и скоро 25 години работи како професионален тренер.