Тренинзи - термини
"THE STRONGEST" е местото во Македонија во кое се изучува Џит Кун До концептот под водство на си-фу Роберт Пармаковски кој е ученик на човекот кој што најмногу време поминал со основачот на ЏКД-то Брус Ли, Ден Иносанто и Пол Вунак - најдобриот светски стрит фајтер.
Пол Вунак е основач на "P.F.S." -"Progressive Fighting System". Пол Вунак е ученик на Ден и е еден од најбараните
инструктори за боречки вештини во САД. Неговиот програм наречен RАТ е денес широко применуван во U.S. Navy Seals, C.I.A., F.B.I., D.E A. и
уште во многу други полициски и воени органи.
Секојдневното акумулирање на многу боречки вештини, концепти и филозофии,а особено за џит кун до-то го стекнувал од неговата седма година.
Роберт е личен пријател и тренинг партнер со некои луѓе кои се во елитата на U.F.C.и Pride. Во "The Strongest" - Macedonia се изучуваат следниве боречки вештини прилагодени на џкд концептот и филозофија на борба: бокс, кик бокс, таи бокс, винг чунг, карате, аикидо, савате, бразилска џиу џица, џудо, борење, филипино кали, ескрима, нож, улична борба итн. Дојдете и уверете се дека на едно место може да ги вежбате сите овие вештини и дека овој концепт на борба Ви нуди реална заштита на улица.
Во Скопје постојат неколку сертифицирани клубови каде што можете да го изучувате овој концепт.
Седиштето е во Џит Кун До Центарот за Боречки Вештини "The Strongest" кој моментално се наоѓа во ОУ "Партенија Зографски" во населбата Кисела Вода ( во близина на Шампионче ) и таму има две групи.
Си-фу Ивица ги води првите две групи и тоа :
- напредна група - сите постари членови , а термините се во вторник и четврток од 19.30 - 20.45 часот и во недела од 18.00 - 19.30 часот и
- почетничка група - понови членови и почетници, а термините се во понеделник 20.30 - 21.45 часот, среда и петок од 19.30 - 20.45 часот.
"The Strongest - Centar" во ОУ "Ј.Х.Песталоци" во Центар ги одржува своите тренинзи под водство на сертифицираните ЏКД Инструктори Попоски Бојан ( 070 9190521) и Брсакоски Аце ( 070 426 542) и тоа во понеделник, среда и петок од 20.00 - 21.30 часот.
"The Strongest - Aerodrom" предводена од сертифицираните ЏКД Инструктори Христовски Бојан (070 394 497) и Ралев Златко (071 607 313) своите тренинзи ги одржуваат во спортската сала во ОУ "Лазо Ангеловски" во населбата Ново Лисиче во понеделник, среда 20.30 - 22.00 часот и сабота од 17.30 - 19.00 часот.
"The Strongest - Karpos" предводена од сертифицираниот ЏКД Инструктор Тодоровски Гоце ( 078 33 24 21 )своите тренинзи ги одржуваат во спортската сала која е сместена во кругот на ф-ка Треска - понеделник,среда и петок од 20.15 - 21.30 часот.