/style/images/2.jpg

Степени во ЏКД - причини за полагање

Објавено: 02.01.2012
Број на прегледи: 507

Сподели со твоите пријатели!

    

Полагање за степени - 8 Степени на напредување во ЏКД Д Стронгест Македонија

 

Во нашиот систем  “Д СТРОНГЕСТ МАКЕДОНИЈА” базиран на Џит Кун До концепт и принципи на филозофија има 8 Степени на напредување.

Секој редовен член може да полага САМО ЕДНАШ ГОДИШНО за повисок степен. За да се осовјат сите 8 Степени потребно е најмалку 8 години да се биде редовен член во некој од нашите клубови.

 

Зашто е потребно да се стекнуваат повисоки степени ?

    Со самата припрема за повисок степен, секој член во тој период навлегува во самата суштина на техниките . На редовните тренинзи се увежбуваат техниките за полагање, но во овој период се запознаваат деталите кои ја сочинуваат самата техника. Бидејки бројот на оние кои полагаат е помал од редовното членство, тренерите им посветуваат повеќе од времето на овие членови за да им помогнат во патот до освојување на повисок степен. Секој степен си има своја карактеристика, од едноставни движења, рачни и ножни удари, едноставни комбинации до комплексни техники, напади и одбрани со нож и стап,одбрана од повеќе напагачи, техники на зафат за облека, одбрани од разни напади итн…Кога ќе се освои и последниот степен, ГОЛЕМА Е ВЕРОЈАТНОСТА дека секој член ќе има солидно познавање од повеќе делови од кои се составени сите боречки вештини, како што се:

-          Рачни удари;

-          Ножни удари;

-          Комбинации на рачни и ножни удари;

-          Напад и одбрана со нож;

-          Напад и одбрана со стап (ескрима или две ескрими );

-           Клинч борба;

-          Борба на под;

-          Разни техники на фрлања, буткања на под;

-          Падови;

-          Одбрана од повеќе напагачи;

-          Употреба на ефикасни техники потребни за реална одбрана на улица;

 

Овој пат од најмалку 8 години е потребен за :

а)       да се видат и изучат повеќе техники;

б)      да се исфрлат непотребните техники  ( на непотребни техники се мисли на оние техники кои не ни “лежат” , односно не може да ги изведеме лесно во спаринг ) и

в)       да се вметнат свои начини на изведување (во зависност од нашата телесна конституција, еластичност, експлозивност, сила итн..секој си има свои стил на изведување на некоја техника ).

 

Од 2012 година ќе се почне со организирање на турнири и тоа:

              а) Џит Кун До борби ( исти правила како за полагање );

              б) Граплинг борби ( правила од БЏЏ без кимоно );

              в) БЏЏ борби со кимоно;

              г) борби со ескрими;

ЏКД борбите ќе бидат поделени во:

-          борби на членови до 14 години;

-          борби на членови до 18 години и

-          борби над 18 години.

Втора поделба е по степени. Значи ќе има борби за членови кои положиле за Прв Степен, Втор Степен, Трет….до Осми Степен. Да се биде победник во Првиот Степен е добро, но да се биде победник во  повисок степен е многу повисоко достигнување. Како во многу други вештини и системи, не е исто да се биде прв во категорија на бели појаси. Победниците во повисоките степени  ќе бидат кандидати за да бидат дел од екипата на Д Стронгест. Оваа екипа ќе се натпреварува на разни турнири во Македонија и надвор од Македонија.

 Нашите членови кои имаат повисоки степени исто така ке бидат кандидати во иднина да се стекнат  (со предходна дозвола од Алексовски Ивица ) со право  да полагаат за ЏКД Инструктор и со тоа ке имаат можност заедно со Алексовски да отоврат клуб. На почетокот сите наши членови се со исти почетни позиции, но се зависи како ќе се посветат во иднина, така и нивните придобивки ќе се зголемат. Сите наши ЏКД Инструктори се на повисоко ниво затоа што имаат привилегија да учат и да пренесуваат на другите. Тој пат на доусовршување е вистинскиот пат на самооткривање.  Со стекнувањето на правото да  води клуб, ЏКД Инструкторот ќе се стекене со одредени привилегии, но и со обврски кои се во насока на уште поголемо зголемување на своите капацитети и способности.

Привилегии :

-          почит од своите ученици;

-          поголемо внимание од главниот тренер;

-          присуство на месечни семинари за ЏКД Инструктори;

-          заработка од месечните членарини;

-          заработка од спонзори;

-          привилегиран на сите семинари организирани во МКД ( можност да биде дел од одборот кој одлучува кои светски личности – мајстори во повеќе боречки вештини  ќе се повикаат да одржат семинари во МКД ).

-          заработка од други видови на добивки предходно договорени со главниот тренер…