/style/images/2.jpg

Потребна опрема за редовен ЏКД тренинг

Објавено: 02.01.2012
Број на прегледи: 313

Сподели со твоите пријатели!

За да можеме да ги реализираме нашите различни видови на тренинг од големо значење е секој наш член да поседува одредена заштитна опрема во зависност од степенот кој треба да го полага.

Во прво време би било пожелно секој член да поседува:

- ракавици ( за првиот степен може да се користат и боксерски ракавици за изучување на материјалот и за полагање );

    

- штитници за заби;

- штитници за нозе;

- штитници за гениталии;

За полагање на Вториот степен потребно е да се има:

- ЏКД ракавици;

- заштитна кацига за глава со заштитна мрежа;

- тренинг нож;

- тренинг ескрими (дрвени);

- спаринг ескрима.

За полагање на четвртиот степен потребно е да се има горно кимоно ( џудо или кимоно за бразилска џиу-џица ).