Членовите на "Д Стронгест Македонија" многу често учествуваат на ЏКД семинари и тоа како во Македонија, така и надвор од Македонија.
Воглавно ЏКД семинарите во Македонија ги организира Алексовски Ивица, а под водство на Си-фу Пармаковски Роберт.
ЏКД семинарите обработуваат техники од џкд, од кали, од самоодбрана, од организација на тренинзи итн. На овие семинари присуствуваат сите наши членови од "Д Стронгест", но многу често присуствуваат и наши пријатели-колеги од други боречки вештини кои сакаат да си го надополнат своето знаење.
Нашите членови кои поседуваат ЏКД Легитимација имаат повластени ( пониски ) цени за разлика од оние кои немаат вакви легитимации.
Да напоменеме дека покрај редовните семинари за сите, Си-фу Пармаковски одржува и семинар за ЏКД Инструкторите под водство на Алексовски. На овие семинари присуствуваат само ЏКД Инструкторите, но може со предходно одобрение од Алексовски да учествуваат и кандидатите за идни ЏКД Инструктори.
2011 година - ЏКД & Kали & ММА семинар
- водител Си-фу Пармаковски Роберт
- асистент Алексовски Ивица
Овој семинар се одржа во месец јули ( членството на Д Стронгест беше преполовено поради летните одмори ) и имаше околу 80 учесници. Покрај нашите членови имаше и учесници од други вештини ( аикидо, џудо, АО "Никоб" ). На овој семинар се увежбуваа основни техники од Кали ( ескрима, нож, голи раце ), но се увежбуваа и понапредни техники.





23/24.04.2011 година - ЏКД & Досе Парес Ескрима
локација : Софија,Бугарија
- водител ГМ Ричард Бустило
- асистент ГМ Љубомир Јорданов
На овој семинар учествуваа 9 членови од Д Стронгест Македонија предводени од Алексовски Ивица со неговите ЏКД Инструктори Попоски Бојан и Брсакоски Аце. ГМ Бустило - еден од првите ученици на легендарниот Брус Ли имаше широк репертоар на прикажани техники. Првиот ден ( вкупно 5 часа ) се увежбуваа техники од Досе Парес Ескрима - техники со ескрими и со нож. Бидејќи одој ден се поклопи со верскиот празник Велигден имаше и натпревар : кршење со јајца каде што представник од Д Стронгест го освои второто место од повеќе од 100 учесници. Дружењето меѓу уцесниците по овој натпревар се подигна на повисоко ниво. Вториот ден ГМ Бустило прикажа техники кои и самиот Брус Ли ги тренира и им ги предал на своите ученици како што е ГМ Бустило.




.jpg)
април 2010 година - семинар "Да се дружиме и почитуваме"
локација : Скопје ( сала во Автокоманда )
организатор : Ивица Алексовски
учесници : ЏКД клубовите Д Стронгест Македонија под водство на Алексовски Ивица
Винг Чунг клубовите под водство на Ѓоре Костовски
Карате клубот Металург под водство на Мирче Јанушевски
Џиу-Џицу клубовите под водство на Александар Ацески
Семинарот беше организиран од Алексовски Ивица со помош на своите "колеги" од други боречки вештини со цел поголемо дружење на луѓето кои водат поголема група на млади луѓе во своите клубови, тренерите, членовите во клубовите, публиката која што беше присутна во салата. Имаше над 140 учесници и како што гласеше и мотото на семинарот да се дружиме и почитуваме така се одвиваше и текот на семинарот. Секоја вештина се тренираше по 45 минути. Интересно беше со на пример каратистите можеа да тренираат винг чунг или џит кун до, членовите од џит кун до клубовите може да тренираат карате итн. На крајот се заврши во најголем ред и се постигна тоа што беше и замислено.





2009 година - ЏКД & Кали & Граплинг семинар
локација : Скопје
- водител Си-фу Пармаковски Роберт
- асистент Алексовски Ивица








октомври 2009 - Стрит фајт семинар
локација : Маврови Анови
- водител Алексовски Ивица
Редовен семинар во природа за продлабочување на дружењето меѓу членовите од ЏКД клубовите Д Стронгест Македонија. Семинарот траеше 3 дена, се тренираше на отворено, но исто така се тренираше во реални услови во внатрешниот дел од хотелот, спаринзи на скали, сите членови беа облечени во секојдневна облека ( фармерки,јакни и сл. ). При тренирањето на разните сценариа имаше и дел кога се изведуваше спаринг на скали, со намалено светло ... исти услови како на пример во некоја дискотека. Овој вид на тренинг беше нов момент за повеќето учесници.





декември 2009 година - Кик - Таи бокс семинар за ЏКД Инструктори
локација : ЏКД Центар за боречки вештини , Скопје
водител Џавит Бајрами
асистент Алексовски Ивица
Семинар наменет само за ЏКД Инструкторите кои се под водство на Алексовски Ивица. Семинарот беше насочен кон подобрување на техниките од кик бокс и таи бокс. Светскиот шампион во Таи Бокс , Џавит го подели своето големо познавање од кик и таи боксот со ЏКД Инструктори. Многу од техниките и методите кои ги покажа беа од школата на светски познатиот мајстор и првак во К 1, легендарниот Едни Хаг. Овој семинар беше најава за предстојниот семинар кој требаше Џавит да го одржи во Скопје.



21.11.2008 година - ЏКД & Кали семинар
локација : Скопје
- водител Алексовски Ивица
Семинар за членовите на ЏКД клубовите , за подобрување на квалитетот на техниките кои секојдневно ги тренираа во матичните клубови. Исто така овој семинар беше одличен за меѓусебно запознавање на нашите членови.

