Брус Ли (кинески: 李小龍; Lǐ Xiăolóng (pinyin), роден Lee Jun Fan, (кинески: 李振藩; Lǐ Zhènfān (pinyin), 27 ноември 1940 - 20 јули 1973) бил актер,борец, филозоф, режисер, продуцент, сценарист и основач на Џит Кун До (Jeet Kune Do) концептот на борба. Тој се смета за културна икои и еден од највлијателните борци на 20 век.
Ли е роден во Сан Франциско, Калифорнија, но растел во Хонгконг се до крајот на тинејџерските денови. Кога наполнил 18 години, Ли емигрирал во САД за да се здобие со американско државјанство и со повисоко образование. Тоа бил периодот кога започнал да предава боречки вештини, кои наскоро го довеле до филмски и телевизиски улоги. Неговите филмови со продукција од Хонг Конг и Холивуд ги издигнаа традиционалните филмови со боречки вештини од Хонгконг на ново ниво на популарност и слава, и предизвикаа голем интерес за кинески боречки вештини на Западот во 1970-тите. Насоката и тонот на неговите филмови ги променија боречките вештини и филмовите со боречки вештини во Хонг Конг, како и во остатокот од светот. Тој е познат по својата улога во пет играни филма, The Big Boss (1971) и Fist of Fury (1972), во режија на Lo Wei; Way of the Dragon (1972), режисиран и напишан од Брус Ли; Enter the Dragon (1973) на Warner Brothers во режија на Robert Clouse, и The Game of Death (1978).
Ли стана иконска фигура позната низ целиот свет и останува многу популарен меѓу азиските народи, а особено меѓу кинезите, бидејќи преку неговите филмови [3] го отсликувал кинескиот национализам. Ли првично тренирал Винг Чун, подоцна ги отфрлил добро дефинираните боречки стилови и го поттикнувал користењето на корисни техники од различни извори во духот на неговата лична филозофија за боречките вештини која ја нарекол Џит Кун До (Jeet Kune Do).
Биографија
Брус Ли е роден на 27 ноември 1940 година во кинеската болница која се наоѓа во кинескиот кварт во Сан Франциско. Неговиот татко Lee Hoi-Chuen бел кинез, а неговата мајка, Grace Ho (何愛瑜) била католик (татко и бил со германско потекло,а мајка и со кинеско потекло).Тој бил четвртото од пет деца: Agnus, Phoebe, Peter, and Robert. Неговите родители се вратиле во Хонг Конг кога наполнил три месеци.
Даденото кантонско име на Брус Ли беше Lee Jun Fan. Името буквално значи "повторно се враќа” ; името Брус му било дадено од неговата мајка, која сметала дека Брус ќе се врати во САД кога ќе порасне . Поради суеверието на неговата мајка, таа го нарекувала Sai Fon ( женско име). Се сметало дека англиското име "Брус” му билo даденo од страна на визитинг докторот, д-р Mary Glover.
Брус Ли имал три други кинески имиња: Li Yuan-Xin 李源鑫семејно име, Li Yuan Jian 李元鑒студентско име, додека го посетувал колеџот La Salle, и секако неговото кинеско сценско име Li Xiaolong 李小龍 (Xiao Long - мал змеј).
Lee Hoi Chuen, татко му на Брус бил еден од водечките кантонски оперски и филмски актери во тоа време. Тргнал на едногодишна кантонска опера турнеја со неговото семејство во предвечерјето на јапонската инвазија на Хонг Конг. Lee Hoi Chuen бил на турнеи низ САД долго време и имал изведби во повеќе кинески заедници.
Иако голем број од неговите врсници одлучиле да останат во САД, Lee Hoi Chuen решил да се врати во Хонг Конг, откако неговата жена го родила Брус. За неколку месеци, Хонгконг бил нападнат и наредните 3 години и 8 месеци семејството Ли живееле под јапонска окупација. Семејството Ли ја преживеале војната, а всушност им тргнало доста добро. По завршувањето на војната, Lee Hoi Chuen ја продолжил својата актерска кариера и станал уште поголема ѕвезда во текот наредните години на обнова во Хонг Конг.
Grace, мајка му на Брус Ли припаѓала на еден од најбогатите и најмоќните кланови во Хонгконг наречен Ho Tungs. Таа била внука на Сер Robert Ho Tung, патријарх на кланот. Како таков, младиот Брус Ли израснал во богата и привилегирана животна средина. И покрај оваа предност поради статусот на неговото семејство и поради тоа што голем број луѓе бегале од комунистичка Кина во Хонг Конг, соседството во Хонгконг во кое израснал се преполнил, станало опасно и полно со ривалства меѓу бандите:
,,Хонг Конг по војната било тешко место за растење. Бандите ги контролирале улиците и Ли често пати бил принуден да се тепа. Но, Брус сакал предизвици и се соочувал со неговите противници. На разочарување на неговите родители, уличните борби на Брус продолжиле и насилната природа на неговата конфронтации ескалирала."
По замешаноста во неколку улични борби, неговите родители одлучиле дека Брус Ли треба да тренира боречки вештини. Првото запознавање на Брус Ли со боречките вештини било преку неговиот татко, Lee Hoi Cheun.Тој ги научил основите на Wu стил Tai Chi Chuan од својот татко.
Најголемо влијание кога бил млад на напредокот на Брус Ли во боречките вештини било учењето на кинеската боречка вештина Винг Чун. Брус Ли започнал со тренирање Винг Чун во текот на летото во 1954 година, на возраст од 13 години под раководство на познатиот Винг Чун мастер Ип Мен (Yip Man). Мастер Ип Мен исто така бил колега и пријател на Wu Ta-ch'i, наставник по Tai Chi Chuan во Хонг Конг. Редовните тренинзи главно се состоеле во практикување чи сао (chi sao) вежби (trapping hands), техники на дрвена кукла и слободен спаринг. Немало одредена шема за часовите. Ип се обидувал да ги спречи своите студенти да се борат во уличните банди на Хонгконг охрабрувајќи ги да се борат во организирани натпревари.
По една година тренирање Винг Чун, повеќето ученици на Ип Ман одбиле да тренираат со Ли откако дознале за неговото потекло (мајка му била од полу-германско потекло), бидејќи кинезите во Америка генерално биле против подучување на нивните боречки техники за неазијати. Тоу Даи Хокинс Ченг (Toe Dai Hawkins Cheung), спаринг партнерот на Ли изјавил: "Веројатно помалку од шест луѓе од целиот винг чун клан беа лично или барен делумно тренирани од Ип Мен. " И покрај тоа, Брус покажал голем интерес кон боречката вештина, и во 1955 година продолжил да тренира приватно со Вилијам Ченг (William Cheung) и Вонг Шун Ленг (Wong Shun Leung).
По посетувањето на училиштето Так Сан (德 信 学校) (неколку блокови од неговиот дом на 218 Nathan Road, Kowloon) Ли бил запишан во основно училиште при колеџот La Salle во 1950 или 1952 година (на возраст од 12 години). Околу 1956 година, поради лоши оценки (или можеби поради лошо однесување), тој бил префрлен во колеџот (гимназија), каде што бил подучуван од страна на Brother Edward, католички монах (по потекло од Германија но целиот свој живот го поминал во Кина, а потоа во Хонг Конг), наставник и тренер на училишниот боксерски тим.
Во пролетта 1959 година, Ли бил учесник во уште една улична борба и полицијата била повикана. Достигнувајќи ги доцните тинејџерски денови, уличните борби на Ли се зачестиле и еднаш Ли го претепал синот на озлогласено семејство. Најпосле татко му одлучил Ли да го напушти Хонгконг и да оди во САД во потрага по побезбеден и подобар живот. Неговите родители го потврдиле стравот на полицијата дека овој пат противникот на Брус Ли имал досие за организиран криминал и имало можност Ли да биде убиен.
Полицискиот детектив дојде и рече ,,Извинете г-дин Ли, вашиот син навистина многу се тепа во училиште. Ако се вмеша во само уште една борба, можеби ќе морам да го ставам во затвор." - Роберт Ли
Во април 1959 година неговите родители одлучиле да го испратат во САД да се сретне со својата постара сестра Агнес Ли (李秋鳳) која веќе живеела со пријатели на семејството во Сан Франциско.
На возраст од 18 години, Ли се вратил во САД со 100 долари во џебот и медалот од 1957 година за Шампион во училиштен бокс и од 1958 за Шампион на Хонгконг во Crown Colony Чa Чa танц. По неколкумесечен престој во Сан Франциско, есента , 1959 година се преселил во Сиетл, да го продолжи своето средно образование и работел за Руби Чоу како келнер во нејзиниот ресторан.
Сопругот на Руби бил соработник и пријател на татко му. Неговиот постар брат Питер Ли (李忠琛) исто така му се придружил на Брус Ли во Сиетл за кратко време пред да замине во Минесота за да се запише на колеџ. Во декември 1960 година, Ли завршил средно образование и добил диплома од техничката школа Едисон (Edison Technical School)(сега Seattle Central Community College, кој се наоѓа во Капитол Хил, Сиетл).
Во март 1961 година, се запишал на Универзитетот во Вашингтон и според информациите од Универзитетот главен предмет му бил драма, не филозофијата како што тврдел Ли и многу други. Тој, најверојатно, исто така студирал филозофија, психологија, и разни други предмети. Токму на Универзитетот во Вашингтон тој ја сретнал својата идна жена Линда Емери (Linda Emery), американска учителка со која се венчал во август 1964 година.
Брус Ли имал две деца со Линда, Брендон Ли (1965-1993) и Шенон Ли (родена 1969).
Ли започнал да предава боречки вештини во САД во 1959 година. Вештината што ја предавал ја нарекол Џун Фан Кунг Фу (Jun Fan Gung Fu) (во буквален превод значело Кунг Фу на Брус Ли). Во основа тоа бил неговиот пристап кон Винг Чун. Ли ги подучувал неговите пријатели кои ги сретнал во Сиетл, почнувајќи со џудистот Џеси Гловер (Jesse Glover,), кој подоцна станал негов прв асистент инструктор. Ли ја отворил својата прва школа за боречки вештини наречена Lee Jun Fan Gung Fu Institute, во Сиетл.
Брус Ли се отпишал од колеџ пролетта 1964 година и се преселил во Оукленд да живее со Џејмс Јим Ли (James Yim Lee) (嚴鏡海, немал никаква роднинска врска со Брус Ли). Џејмс бил дваесет години постар од Брус и добро познат кинески борец во областа Bay. Тие заедно ја основале втората Jun Fan школа во Оукленд. Џејмс Ли (James Lee) исто така бил одговорен за запознавање на Брус Ли со Ед Паркер (Ed Parker), крал на боречките вештини во САД и организатор на (Long Beach) Меѓународно карате првенство, на кој Брус Ли подоцна бил "откриен" од Холивуд.
Концептот наречен Џит Кун До потекнува од 1965 година. Контроверзен натпревар со Вонг Џек Ман (Wong Jack Man ) имал силно влијание врз филозофијата на Ли за боречките вештините. По околу три-минутна борба (некои велат 20-25 минути) [кои?], Вонг Џек Ман го признал поразот. Ли заклучил дека борбата траела предолго и дека тој не успеал да го искористи докрај својот потенцијал користејќи ги своите Винг Чун техники. Тој увидел дека традиционалните боречки техники се премногу ригидни и формални за да бидат практични во хаотични улични борби. Ли одлучил да се развие систем со акцент на ,,практичност, флексибилност, брзина и ефикасност". Тој почнал да користи различни методи на вежбање, како што се тренирање со тежина за сила, трчање за издржливост, растегнување за флексибилност, и многу други кои постојано ги прилагодувал.
Ли го истакнал она што тој го нарекувал "стил без никаков стил". Тоа се состоело од ослободување од формализираниот пристап којшто Ли тврди дека е индикативен на традиционалните стилови. Ли сметал дека системот кој го нарекувал Jun Fan Gung Fu е премногу рестриктивен и на крајот еволуирал во филозофија и боречка вештина, која ја нарекол Jeet Kune Do или Way of the Intercepting Fist (Патот на пресретнувачката тупаница). Тоа е термин за кој подоцна зажалил бидејќи Jeet Kune Do подразбира специфични параметри кои вклучуваат стилови, додека идејата за неговата боречка вештина била постоење надвор од параметрите и ограничувањата. Тој рекол :”Се што име, има и граници”, а тој сакал систем без граници,без рамка.
На покана на Ед Паркер (Ed Parker), Ли се појавил во 1964 година на Меѓународното карате првенство во Лонг Бич (Long Beach) и направил неколку склекови на два прсти (со палецот и показалецот), со нозете раширани колку ширината на рамената. На истиот Лонг Бич настан, тој, исто така, го извел ,, One inch punch" (Удар од еден инч (2,54цм)): Ли стоел исправен пред неговиот партнер, неговата десна нога била нанапред со малку свиткани колена. Десната рака на Ли била делумно испружена а неговата десна тупаница приближно еден инч подалеку од градите на партнерот. Без да ја повлече својата десна рака, Ли силно го удрил својот партнер, додека неговата положба останала во најголем дел непроменета. Од ударот партнерот бил исфрлен наназад и паднал на столот кој бил наместен за да се спречи повреда, но поради динамиката паднал на подот. Неговиот волонтер бил Боб Бејкер (Bob Baker) од Стоктон, Калифорнија. "Му реков на Брус да не ја повтори оваа демонстрација”, се присетил Бејкер. ,,Кога ме удри последен пат со тупаница, морав да земам отсуство од работа, бидејќи болката во градите беше неподнослива."
Во 1964 првенства во 1964 година Ли првпат се сретнал теквондо (taekwondo) мајсторот Jhoon Rhee . Двајцата создале пријателство од кое како борци и двајцата имале корист. Jhoon Rhee му го објаснил детално на Ли страничниот удар, а Ли го научил Rhee како да удри ,,без телефонирање”(non-telegraphic punch).
Ли се појавил во 1967 година на Меѓународното карате првенство во Лонг Бич и извел различни демонстрации, вклучувајќи го и познатиот "несопирлив удар" против Вик Мур (Vic Moore) при Карате Федерацијата на САД - USKA. Ли му рекол на Мур дека ќе го удри директно во лице, а се’ што треба тој да стори е да се обиде да го блокира ударот. Ли се вратил неколку чекори наназад и го прашал Мур дали е подготвен. Кога Мур климнал за согласност Ли тргнал кон него додека да стигне во домет на удирање. Тогаш мавнал директно кон лицето на Мур и застанал пред да го удри. Од осум обиди, Мур не успеал да блокира ниеден од ударите.
Брус Ли бил вклучен во натпревари (официјални и договорени борби на отворено – улица). Ден Иносанто(Dan Inosanto) изјавил: ,,Не се сомневам дека ако Брус Ли беа влезеше во професионален бокс, лесно ќе се рангираше во првите три места во лесна или перо лесна категорија."
Ли го поразил трипати британскиот боксерски шампион Гери Елмс (Gary Elms) со нокаут во третата рунда во 1958 година во аматерското боксерско првенство помеѓу училиштата во Хонгконг со користење на Винг Чун трапинг и директни високи и ниски удари. [37] Хокингс Ченг (Hawkings Cheung) неговиот Винг Чун колега и уличен борец бил сведок на настанот. Во 1958 година, на фул контакт натпревар, Ли го нокаутирал Пу Чунг (Pu Chung), Чој Ли Фоу (Cai Li Fo) борец, на некој од покривите во Хонг Конг. Судија бил Вонг Шен Ленг(Wong Sheun Leung)..
Следната година, Ли станал член на "Тигрите од крстосницата ", и бил вмешан во многу улични борби поврзани со бандите. "На една од неговите последни средби, додека ја соблекувал јакната, колегата со којшто се борел го удрил тупаница и му го помодрил окото. Брус во бес тргнал по него, го нокаутирал и му ја скршил раката. Заради тоа била повикана полицијата. " Инцидентот се случил на покрив во Хонг Конг, во 22 часот во среда 29 април, 1959 година.
Во 1960 година во Сиетл, за време на прошетка, Ли му го скршил носот на еден човек откако видел како малтретира една девојка со кинеско потекло. Сведок на оваа борба бил Џејмс Димајл (James DeMile) во 1960 година.
Во 1962 година Ли го нокаутирал Уечи (Uechi), јапонец кој поседувал карате црн појас, за 11 секунди во фул контакт борба во Сиетл. Судија бил Џеси Гловер (Jesse Glover). Инцидентот се случил во Сиетл во ракометното игралиште YMCA. Таки Камура (Taki Kamura) рекол дека битката траела 10 секунди во спротивно на изјавата на Харт (Hart). Ед Харт (Ed Hart) изјавил ,,Каратистот пристигна во неговата ГИ (униформа), заедно со црн појас, додека Брус се појави во неговите улични алишта и едноставно ги соблече чевлите. Борбата траеше точно 11 секунди - Знам, бидејќи бев задолжен за мерење не времето. Брус го удри каратистот околу 15 пати и еднаш го удри со нога. Помислив дека го уби. " Борбата заврши откако Брус го нокаутира Уечи.
Во Оуклeнд, Калифорнија во 1964 година во кинескиот кварт, кинеската заедница му даде ултиматум на Брус да престане со предавање на вештината на лица кои немаат кинеско потекло. Одбивајќи да му кажуваат што да прави или да дискриминира, Ли бил соочен со предизвикот да се бори со нивниот најдобар борец Вонг Џек Ман (Wong Jack Man). Застрашувачкиот Вонг Џек Ман бил мајстор на Сингичуан, Северен Шаолин и Tai Chi Чуан (Tai Chi Chuan) директен ученик на Големиот мајстор Ма Кин Фунг (Ma Kin Fung). Договорот бил дека ако Брус загуби, ќе мора да го затвори неговото училиште, а ако победи, тогаш ќе може слободно да ги учи белците или кои било други. Вонг изјавил дека тој самиот побарал да се бори против Ли, откако Ли отворено го предизвикал за време на една демонстрација на Ли во театарот во кинескиот кварт. Меѓутоа, спротивно на овој потврден мотив е потпишаното официјално писмо од Дан Чан (Dan Chan) со потписи од заедницата за боречки вештини, вклучувајќи ги Чан и Вонг и како потпишан документ од страна на заедницата не одговара на мотивот за одговор на отворен предизвик. "Тој лист хартија ги содржеше имињата на сите сифуа од кинескиот кварт, но тие не ме плашат." - Брус Ли.
Вонг и сведокот Вилијам Чен (William Chen) изјавиле дека борбата траела невообичаено долги 20-25 минути. Меѓу поедниците за кои знаеме дека биле сведоци на борбата се Кадвел (Cadwell), Џејмс Ли (James Lee) (соработник на Брус Ли но немал никаква роднинска врска со него) и Вилијам Чен (William Chen), наставник по Tai Chi Chuan. Според Брус, Линда Ли Кадвел и Џејмс Ли, борбата траела 3 минути, со убедлива победа за Брус. ,,Тоа беше борба без зафати и траеше 3 минути. Брус го собори човекот на земјата и рече: ,,Дали се предаваш?” и човекот се предаде." - Линда Ли Кадвел.
Наводно, Вонг Џек ја објавил својата верзија од борбата во Чајнис Пасифик Викли (Chinese Pacific Weekly), весник на кинески јазик во Сан Франциско, кој содржел друг предизвик за Ли за јавен реванш. Ли не одговорил на барањето на Вонг, ниту имало понатамошни јавни известувања од кој било од двајцата, но Ли продолжил да им предава на белците.
Најпосле, славата на Ли го ставила пред голем број луѓе кои се бореле да се прослават преку борба со него. Предизвикувач влегол во приватниот дом на Ли во Хонг Конг со нелегално преминување во задниот двор за да го натера Ли да се бори. Ли ја завршил борбата насилно, со удар со нога, разгневен од нелегалниот влез. Опишувајќи го инцидентот Херб Џексон изјавил: ,,Еднаш, еден пријател прескокна преку ѕидот, влезе во неговиот двор и го предизвика велејќи му ,, Колку си добар?". Брус многу се изнервира. Брус рекол ,,на овој човек му текнало да влезе во мојот дом, мојот сопствен дом и да ме предизвика.” Рече дека толку се налутил, што го задал најтешкиот удар што го имал зададено на некого во својот живот. "
Боб Вол (Bob Wall), USPK карате шампион и ко-ѕвезда во Enter The Dragon, се присетува на една екстра чувана филмска снимка средба во која му се потсмеваат на Ли. На снимката се слуша "дека Ли бил филмска ѕвезда, а не борец," дека тој "не бил многу добар борец." На овие потсмевања Ли одговорил со тоа што го замолил да скокне од ѕидот на кој седел. Лол (Wall) го опишал противникот на Ли како ,, дечко од бандите во Хонг Конг," и ,,проклето добар борец", и забележал дека е брз, силен и поголем од Брус.
,,Ова дете беше добро. Тој беше силен и брз, и навистина се обидуваше да го изнервира Брус. Но, Брус методолошки го победи. Брус се движеше толку добро, што детето не можеше да го допре ... и потоа одеднаш, Брус го зграпчи, го сплеска на ѕидот и го собори, му го стави коленото на градите, му ги фати рацете и го удираше во лице . " - Боб Вол
Татко му на Ли, Хои-Чуен (Lee Hoi-Chuen) бил позната кантонска оперска ѕвезда, и поради ова, Брус играл улоги во филмови на многу рана возраст и како дете се појавил во неколку кратки црно-бели филмови. Ли ја имал својата прва улога како бебе кое било донесено на сцената. Додека да наполни 18 години, имал глумено во дваесет филмови.
Додека бил во САД од 1959-1964, Ли престанал да мисли на филмската кариера и се фокусирал на ширење на боречките вештини. Вилијам Дозиер (William Dozier) го поканил Ли на аудиција, каде што Ли толку ги импресионирал режисерите со неговите светлосно брзи потези што ја добил улогата на Като (Kato) заедно со Ван Вилијамс (Van Williams) во ТВ серијата Грин Хорнет (Зелениот стршлен). Шоуто траело само една сезона, од 1966 до 1967 година. Ли исто така ја одиграл улогата на Като во три епизоди на Бетмен. Ова било проследено со гостувања во повеќе телевизиски, вклучувајќи ги Ајронсајд (Ironside) (1967) и Here Come the Brides (1969). Во 1969 година, Ли на кратко се појавил во својот прв американски филм Марлоу (Marlowe), каде што играл улога на мафијаш најмен да го заплаши приватниот детектив Филип Марлоу (кој го игра Џејмс Гарнер) со разбивање на неговата канцеларија со високи удари со нога и светкавично брзи тупаници само за подоцна случајно да скокне од висока зграда додека се обидува да го турне Марлоу. Во 1971 година, Ли се појавил во четири епизоди од телевизиската серија Лонгстрит (Longstreet) како инструктор за боречки вештини на насловниот лик Мајк Лонгстрит (кој го игра Џејмс Францискас (James Franciscus)).
Според изјавите од Брус Ли и на Линда Ли Кадвел по смртта на Брус, во 1971 Брус започнал со снимање на сопствени телевизиска серија привремено наречена Воинот (The Warrior). Овие изјави биле потврдени од Ворнер Брос (Warner Bros). Сепак според Кадвел, концептот на Ли бил променет и преименуван во Кунг Фу, но Ворнер Брос не му дал никакви заслуги на Ли. Наместо тоа, улогата на шаолински монах во Дивиот Запад, му била доделена на Дејвид Карадин - актер кој тогаш не знаел ништо за боречките вештини, поради стравувањата во студиото дека ако кинез ја игра главната улога, нема да биде прифатен од јавноста. Книги и документарци во врска со шоуто „Кунг Фу“ ја оспоруваат верзијата на Кадвел. Според овие извори, шоуто било создадена од двајца писатели и продуценти, Ед Спилман и Хауард Фрајдлендер, и причината поради која Ли бил отфрлен била делумно неговата етничка припадност, а уште повеќе слабиот акцент.
На 9 декември 1971 г. на телевизиското интервју за ,,шоуто Пјер Бртон” , Брус Ли рекол дека и ,,Ворнер брадерс” и ,,Парамаунт” сакаат да снима американска телевизиска серија. На коментарите на Пјер Бртон, ,,има прилично добри шанси дека ќе добиете улога во ТВ серија во САД наречена ,,Воинот”, но што ќе користите во неа, боречки вештини во сцени од Западот?" Ли одговара, "Тоа беше оригиналната идеја, ... и двете продуцентски компании (Ворнер и Парамаунт), мислам дека сакаат да глумам во модернизирана серија и тие мислат дека ,,Западот" е веќе застарена работа. Со оглед на тоа што сакам да глумам во ,,Западот”, бидејќи како поинаку може да се оправдаат удирањето и насилството, освен во периодот на Западот?" Подоцна во текот на интервјуто, Бертон го прашал Ли за ,,проблемите со кои се соочувате како кинески херој во американска серија.” Дали луѓето се појавија во индустријата и рекоа ,,Па, не знаеме како публиката ќе прифати неамериканец ?". Ли одговара: "Па, такво прашање веќе е поставено, всушност, имало дискусии за него. Затоа ,,Воинот” најверојатно нема да продолжи." Ли додава, "Тие мислат дека бизнисот е ризик. Не ги обвинувам. Ако ситуацијата беше обратна, т.е. ако некоја американска ѕвезда требаше да дојде во Хонг Конг, а јас сум човекот кој ги има парите, самиот би се грижел дали актерот ќе биде прифатен таму. "
Незадоволен од неговите споредни улоги во САД, Ли се вратил во Хонг Конг. Несвесен дека Грин Хорнет (Зелениот стршлен)бил емитуван во Хонгконг со огромен успех и бил неофицијално наречен ,,The Kato Show", тој бил изненаден кога на улиците го препознавале како "ѕвезда" на шоуто. Тогаш на Ли му бил понуден договор од страна на легендарниот режисер Рејмонд Чоу (Raymond Chow) за глумење на главната улога во два филма продуцирани од неговата продукциска компанија на Голден Харвест (Golden Harvest). Ли ја одиграл својата прва водечка улога во Големиот шеф (The Big Boss) (1971), кој се покажал како огромен успех низ благајните низ Азија и го катапултирал во статус на ѕвезда. Наскоро следел Гневна тупаница ( Fist of Fury) (1972) што ја соборил рекордната заработувачка на Големиот шеф. Откако завршил почетниот двегодишен договор, Ли преговарал за нов договор со Голден харвест. Ли подоцна со Чоу формирал своја компанија Конкорд Продакшнс Инк (Concord Productions Inc.) (協和公司). За неговиот трет филм, Патот на змејот (1972), му била дадена целосна контрола на снимањето на филмот како писател, режисер, ѕвезда, и кореограф на сцените со борби. Во 1964 година, на семинар во Лонг Бич,Калифорнија, Ли се сретнал со карате шампионот Чак Норис. Во Патот на змејот Ли го претставил Норис на публиката како негов противник во последната борба до смрт во Колосеумот во Рим, која денес се смета за една од најлегендарните боречки сцени на Ли и еден од најзапаметените боречки сцени во историјата на филмовите со боречки вештини.
На крајот од 1972 година, Ли започнал да работи на својот четврт Голден Харвест филм наречен Игра на Смртта (Game of death) . Го започнал снимањето на некои сцени вклучувајќи ги и неколкуте негови борби со 220cm високата американска кошаркарска ѕвезда Карим Абдул-Џабар, поранешен студент. Снимањето било прекинато кога Ворнер Брадерс му понудиле на Ли да ја игра главната улога во Enter The Dragon, првиот филм што бил снимен заеднички од Голден Харвест и Ворнер Брос. Овој филм вртоглаво ја зголемил славата на Ли во САД и Европа. Сепак, само неколку месеци по завршувањето на филмот и 6 дена пред неговата промоција на 26 јули 1973 година, во најдобра физичка форма, Ли мистериозно умрел. Enter The Dragon станал еден од најзначајните филмови за боречки вештини на годината и го утврдил Ли како легенда на боречките вештини. Бил снимен 850 000 долари во 1973 година (еквивалент на 4 000 000 долари прилагодени според инфлацијата од 2007 година). До денес , Enter The Dragon има заработено над 200 милиони долари низ целиот свет. [65] Филмот предизвикал краток каприц во боречките вештини, олицетворени во песни како ,,Кунг Фу Фајтинг" и телевизиски емисии како Kung Fu.
Роберт Клаус, режисерот на Enter The Dragon, и Рејмонд Чоу се обиделе да го завршат нецелосниот филм на Ли - Игра на смртта, на кој Ли исто така бил сценарист и режисер. Ли имал снимено преку 100 минути, вклучувајќи и снимки кои биле отфрлени по едитирањето, пред снимањето да биде спречено за тој да може да работи на Enter The Dragon. Освен Абдул-Џабар, Џорџ Лазенбај, хапкидо мајсторот Ји Хан Је (Ji Han Jae) и Ден Иносанто се појавил во филмот, кој требал да кулминира со ликот на Ли, Хаи Тјен (облечен во сега познатите жолти тренерки) снимајќи сцени со различни предизвици на секој кат како што напредува низ петспратна пагода. Во контроверзен потег, Роберт Клаус го завршил филмот користејќи двојник и архивски снимки од Ли од останатите негови филмови со нова приказна и глума, кој бил промовиран во 1979 година. Сепак, составениот филм содржел само петнаесет минути од вистинската снимка на Ли (имал снимано многу неуспешни сцени), додека во останатите снимки имало двојник, Ким Таи Чун, и Јуен Биао двојник-каскадер. Неискористените сцени кои Ли ги снимил биле откриени 22 години подоцна и биле вклучени во документарниот филм Брус Ли: Патувањето на воинот.
Брус Ли беше познат по неговата физичка кондиција и сила, посветеност на фитнес режим за да биде што е можно посилен.
По неговата борба со Вонг Џек Ман во 1965 година, Ли го променил својот пристап кон тренирањето боречки вештини. Ли сметал дека борци од неговото време не поминуваат доволно време на физичка тренинг. Брус ги вклучил сите елементи на вкупниот фитнес - мускулна сила, мускулна издржливост, кардиоваскуларна издржливост и флексибилност. Тој се обидел со традиционални бодибилдинг техники за да се изгради големи мускули или маса. Сепак, Ли бил внимателен во поучувањето дека менталната и духовната подготовка се од фундаментално значење за успехот на физичкиот тренинг во умешноста на боречките вештини . Во својата книга Тао на Џит Кун До, тој напишал
,,Тренингот е еден од најзапоставените делови на атлетиката. Премногу време се посветува на развивање на вештина, а премалку за развој на поединецот. " ,,ЏКД, најпосле не се состои во детални техники туку во високо развиена духовност и фигура.
Програмата за тренирање со тежина што Ли ја користел за време на неговиот престој во Хонгконг во 1965 година, на само 24 години му ја нагласила развиеноста на рацете. Во тоа време тој можел со една рака да дигне тежина околу 32-36 kg три серии по осум пати, заедно со други вежби, како што се чучњеви со тег, склекови, вежби за подлактица, вежби за бицепс, француска преса и вежби за зглобови и за обратни зглобови. Повторувањата кои ги изведувал биле од 6 до 12 пати (во тоа време). Додека овој метод на тренирање бил насочен кон неговите брзи и бавни контрактивни мускули, тоа подоцна резултирало со зголемување на телесната тежина или мускулна маса, правејќи го Брус малку потежок од 72 кг. Било документирано дека Ли имал над 2.500 книги во својата приватна библиотека, и на крајот заклучил дека ,,Поголем мускул е посилен мускул", заклучок за кој подоцна се двоумел. Брус секогаш експериментирал со неговите тренинг рутини за да ги максимизира неговите физички способности, и да го доведе човечкото тело до крајните можности. Тој користел многу различни рутини и вежби, вклучувајќи скокање јаже, што служело ефективно за неговите тренинг и бодибилдинг цели.
Ли сметал дека стомачните мускули се една од најважните групи мускули за борец, бидејќи речиси секое движење бара извесен степен на абдоминална работа. Мито Уехара се сеќава дека ,,Брус секогаш сметал дека ако вашиот стомак не е развиен, тогаш не можете да имате тежок спаринг". Според неговата сопруга Линда, тој дури и кога не тренирал, честопати правел стомачни и други абдоминални вежби во домашни услови во текот на денот, како на пример за време на гледање телевизија. Таа рекла за Ли, ,, Брус беше фанатик за абдоминални вежби. Тој секогаш правеше стомачни, вежби на клупа за стомачни, дигање на нозете и граплинг стомачни".
Ли тренирал од 7 до 9 часот наутро, вклучувајќи стомачни вежби, флексибилност и трчање, а од 11 до 12 часот дигал тегови и возел велосипед. Вообичаена вежба за Ли било трчање од 3,2 до 9,65 километри во период од 15 до 45 минути, во којшто ја менувал брзината во интервали од 3 до 5 минути. Ли возел околу 16 километри за 45 минути на статичен велосипед.
Ли понекогаш вежбал со јаже за скокање и правел по 800 скокови по возењето велосипед. Ли исто така правел вежби за зацврстување на кожата на тупаниците, вклучувајќи притискање на рацете во кофи со остри камења и чакал. Тој правел над 500 повторувања на истата вежба на определен ден. Една статија од С. Чајна Пост (S. China Post) вели: ,,Кога некој доктор го предупредил да не нанесува премногу болка на неговото тело, Брус ги отфрлил неговите зборови велејќи: ,,Човечкиот мозок може да покори што било, па дури и вистинска болка "- Брус Ли."
Според Линда Ли Кадвел, кратко време откако се преселил во САД, Ли започнал да ја сфаќа исхраната сериозно и развил интерес за здрава храна, високо-протеински пијалоци и витамински и минерални суплементи. Тој подоцна заклучил дека со цел да се направи тело со високи перформанси, не можете да го храните со брза храна, како и со "погрешно гориво" бидејќи телото ќе реагира споро и невнимателно. Ли исто така избегнувал печена храна и рафинирано брашно, опишувајќи ги како внесување калории што не прават ништо за неговото тело.
Тој консумирал зеленчук и овошје секој ден. Брус секогаш претпочитал да јаде кинеска или друга азиска храна, бидејќи ја сакал нивната разновидност. Некои од неговите омилени кинески јадења биле говедско месо во сос од острига, тофу и бифтек и црн дроб. Тој, исто така станал поддржувач на прехранбени додатоци, вклучувајќи ги Витамин Ц, лецитин гранули, полен од пчела, Витамин Е, Див трендафил (во течна форма), масло од пченични никулци, Acerola - C и B-листови.
Брус Ли мразел млечна храна иако знаел дека за градење мускули мора да пие млеко и да јаде јајца. Како резултат на тоа, тој јадел млечни производи само во вид на житарици и протеински пијалоци, вообичаено користејќи млеко во прав, наместо свежо млеко. Исхрана на Ли вклучувала протеински пијалоци, тој секогаш се обидувал да консумира по еден или два дневно, но подоцна престанал да ги пие. Тие обично содржеле не-инстант млеко во прав, за кој се смета дека има повисока концентрација на калциум од другите форми на млеко во прав, јајца, пченични никулци, путер од кикирики, банана, пивски квасец поради неговиот Б витамин и Иноситол и Лецитин додатоци. Линда се сеќава дека половината Брус варирала меѓу 66-71 сантиметри. ,,Тој, исто така, пиеше сопствени смеси на џусови направени од зеленчук и овошје, јаболка, целер, моркови и така натаму, подготвени во електричен блендер", рече таа.
Според Ли, големината и бројот на оброци се исто така важни. Тој обично консумирал четири или пет помали оброци на ден, наместо неколку големи оброци, и го забрзувал метаболизмот преку јадење мали здрави закуски како на пр. овошје во текот на денот. Овошјето и зеленчукот му давале најмногу јаглехидрати, и тој бил особено сакал моркови па така половината од содржината на пијалок била од моркови, а другата половина ја делел меѓу другото овошје и зеленчук. Причината што Ли толку сакал да консумира зеленчук и овошје во течна форма била тоа што тој верувал дека на тој начин телото може полесно да апсорбира хранливи состојки. Ензимите во течниот зеленчук делуваат како органски катализатори кои го забрзуваат метаболизмот и апсорпцијата на хранливите состојки. Со оглед на тоа дека повеќето од овие ензими се уништуваат при готвење, Ли се обидувал да ги јаде сурови.
Ли честопати пиел матичен млеч и жинсенг пијалок бидејќи тие содржат Б-комплекс витамини, вклучувајќи висока концентрација на витамин Б5 (Пантотенска киселина) и витамин Б6 (пиродоксин), ацетилхолин, хормони, и осумнаесет амино киселини, кои брзо ја зголемуваат енергијата . [79] Во традиционалната кинеска медицина, за Жинсенг се смета дека исто така ја подобрува циркулацијата, го зголемува дотурот на крв, дозволува побрзо закрепнување по исцрпување и го стимулира телото.
Феноменалната форма на Ли значела дека тој бил способен за извршување на многу исклучителни физички подвизи. ,,Човек способен да изведува супер човечки подвизи, кои допрва треба да се достигнуваат." Следнава листа ги вклучува некои од телесни подвизи, кои му се припишуваат на Брус Ли:
• Брзината на Ли на напаѓање со раце спуштени до половината и задавање на удар со раката на оддалеченост од 91см достигнувала пет стотинки од една секунда .
• Ли можел да држи тег од 34кг со една рака од стоечка позиција на исто ниво со градите држејќи го таму 20 секунди.
• Боречките движења на Ли во тоа време биле пребрзи за да бидат снимени со традиционална камера со 24 фрејма во секунда и да бидат прикажани јасно при премотување па затоа многу сцени биле снимени со 32 фрејма во секунда за поголема јасност.
• При демонстрација на брзина, Ли можел да грабне монета од отворена дланка на некое лице или да остави монета пред лицето да ја затвори дланката.
• Ли можел да стои во подигната V позиција 30 минути или подолго.
• Ли правел склекови со една рака користејќи ги само палецот и показалецот.
• Ли се дигал на вратило 50 пати со една рака.
• Ли можел да удри страничен удар на боксерска вреќа од 90,72 kg и истата да ја удри во таванот.
• Ли удрил страничен удар со нога додека тренирал со Џејмс Кобрн и искинал боксерска вреќа од 68 кг.
Иако Ли е најдобро познат како борец, тој, исто така студирал драма и филозофија на Универзитетот во Вашингтон. Тој бил начитан и имал богата библиотека. Неговите сопствени книги за боречки вештини и филозофија на борбите се познати по нивните филозофски тврдења и внатре и надвор од круговите на боречките вештини. Неговата филозофија честопати била контрадикторна на неговите верувања, иако и тој тврдел дека неговите боречки вештини биле само метафора за такви учења. Тој верувал секое учење на крајот доведува до самоспознание, и рекол неговата избран метод на самоизразувањето се боречките вештини. Неговата влијанија ги вклучуваат таоизмот, филозофот и спиритуалист Џиду Кришнамурти и будизам. Џон Литл изјавил дека Ли бил атеист. Кога во 1972 година го прашале која е неговата религиозна припадност, тој одговорил ,,ниедна." Исто така во 1972 година, кога го прашале дали тој верувал во Бога, тој одговорил: "Да бидам совршено искрен, навистина не верувам."
Следниве цитати ја рефлектираат неговата филозофија на борба.
• „Биди без форма ... без облик, како вода. Ставаш вода во чаша, таа станува чаша. Ставаш вода во шише, водата станува шише. Ставаш вода во чајник, таа станува чајник. Сега водата може да тече, или да лази или да капе или да се судира! Биди вода, пријателе ..."
• „Сите видови на знаење, на крајот водат кон самоспознание"
• „Користете го само она што функционира и земете го од каде било."
• „Не го негирајте класичниот пристап, едноставно како реакција или ќе создадете уште една шема и ќе се заробите таму."
• „Брзиот темперамент многу брзо ќе ве направи будали."