/style/images/2.jpg

Историја на Џит Кун До во Македонија и формирањето на "Д Стронгест Македонија"

Објавено: 06.01.2012
Број на прегледи: 366

Сподели со твоите пријатели!

Почетоците на Кунг Фу вештините во Македонија се околу 1980 год. кога се многу популарни Кунг Фу филмовите со Брус Ли. Тогаш излегуваше и списанието за боречки вештини “Црн Појас” во рамките на тогашна СФРЈ, преку кој сите запознаваа со случувањата во светот на боречките вештини и спортови.

Во тоа време во СФР Југославија само поединци преку кои сите се запознаваа самостојно и неорганизирано ги вежбаа Кунг Фу вештините, најчесто Кунг Фу Ву Шу и Винг Чун, додека од боречките спортови постоеа само Карате и Бокс.

По кажувањата на некои од сведоците од тоа време ( Зоран Петковски ) во 1981 год. почетоците  за  Кунг Фу во Македонија ги има еден припадник на полицијата, Зоран Јанковски, кој бил ученик на Смајо Шархатлич од БиХ. Смајо бил мајстор за Џит Кун До и за други стилови на Кунг Фу.

Во 1986 г. во Битола мајсторот за боречки вештини  Златко Неделковски го отвора првиот клуб за Џит Кун До во Македонија. Во клубот се вежбало  Џит Кун До, но во креација на Златко, затоа што тоа е вештина која е жива и може да се модификува според мајсторот и неговите согледувања согласно Џит Кун До принципите.

На тренинг се барало најстрога дисциплина и почит кон мајсторот, а програмата за полагање била поделена по ознаки и тоа по две: прва и втора жолта, зелена, плава, кафеава, и мајсторска црна ознака.Во програмата на тренирање спаѓаа Џит Кун До техниките на удари и блокови со раце и нозе, спаринг, вештини на работа со старокинески оружја: нунчаки, ескрими, саи, долг стап – бо и катана, како мајсторско оружје, а во сабота се вежбале техники на самоодбрана.

Покрај полагањето за ознаки, што било услов за напредување во вештината, на најдобрите борци тренерот им предлагаше приклучување во Фул Контакт екипата (тогаш постоело само Фул Контакт, односно контактно Карате, слични правила, но со полн контакт и заштитна опрема на раце и нозе).

Во 1989 г. Златко заедно со Зоран Петковски оди на турнир во Фул Контакт во Сефкерин, кај Белград и Петковски стана шампион на Југославија. Исто така Златко со свои ЏКД борци одел во градови низ Југославија (Сплит, Шибеник…) каде што се организирле  Фул Контакт турнири.

Да напоменеме дека Златко Неделковски прв ги донел организирано Кунг Фу вештините во Македонија. Тој наишол  на големо разбирање и поддршка кај градоначалникот на Битола за регистрирање на прв Кунг Фу клуб во Македонија, што беше тогаш мала револуција покрај доминантните Карате и Боксерски сојуз кои не дозволувале  дотогаш да се регистрира клуб од друга боречка вештина во Македонија.

Преку овој клуб за прв пат се донесе и промовира и Фул Контакт спортот во РМ, како почеток на Кикбоксинг спортот. Промената на називот беше направена од 1993 г, кога и официјално се промовираа повеќе дисциплини на овој спорт: Семи Контакт, Лајт Контакт, Фул Контакт и Лоу Кик.

Во 1990 г. Зоран Петковски со дозвола до Златко го регистрира вториот Кунг Фу клуб во РМ за Џит Кун До и Фул Контакт (подоцна кикбоксинг) спортот. Името на клубот било “Шао Лин” во чест на големите кинески Кунг Фу мајстори и мудреци од манастирот Шао Лин. Програмата за работа и полагање била истата како што се тренирала во Битола.

Од првите и најдобрите ученици може да ги издвојат Горан Арсовски, Ивица Алексовски, Арсен Георгиевски, Дејан Костов, Весна Ивановска, близнаците Александар и Апостол Атанасовски и Маја Витановска, која подоцна стана трикратна светска шампионка во Кикбоксинг, во дисциплините Фул Контакт, Лоу Кик и Лајт Контакт.

Алексовски во 1990 година се запишува во ЏКД клубот „Шао Лин“ во Скопје кај својот тогашен тренер Зоран Петковски, а под водство на Си-Фу Златко Неделковски.

Во почетокот се правело двомеч Битола – Шао Лин  за собирање на искуство од борбите. Во меѓувреме Си-фу Неделковски имал идеја да се оформи сојуз за Фул Контакт борбите во РМ и се контактирало со клубови ширум МК кои беа заинтересирани за Фул Контакт борби иако вежбале  различни вештини и спортови (Тае Квон До, Карате). Се договориле  пет клуба ( од Битола, Скопје, Охрид, Прилеп и Струмица ) да го оформат Сојузот кој го именувале Кунг Фу Фул Контакт Сојуз на Македонија. Овој сојуз бил формиран во 1991 год. кој истовремено ги обединувал  клубовите за вежбање на Кунг Фу вештините и на Фул Контакт спортот. Тогаш било организирано  првото Фул Контакт Првенство на Македонија во Битола и првиот традиционален Фул Контакт турнир во Скопје – Макфул. На првото Фул Контакт Првенство во Битола, денешниот Главен Инструктор за Македонија и Балкан во “Д Стронгест Македонија”, Алексовски Ивица стана Вице Шампион на Македонија.

Со дозвола од Си-фу Неделковски се отвораа клубови во повеќе градови низ Македонија и тие стануваа дел од Сојузот.

По неколку години работа на Сојузот се организира и Кикбоксинг лига на РМ, со редовни турнири, првенствена табела со освоени бодови за секоја категорија посебно и со државни поединечни и клубски шампиони за секоја година. Се оформило и судиска организација, со редовни семинари, полагања и оценување на квалитетот.

По зачленувањето во ВАКО  под уставното име Сојузот бил  поканет  да учествува на првото меѓународно натпреварување: Балканијадата во Фул Контакт во Белград 1993 г. На  оваа Балканијада, членот на Шао Лин, Весна Ивановска и нејзиниот тренер Зоран Петковски се вратиле со сребрени медали. Тоа биле  првите Фул Контакт (Кикбоксинг) медали за РМ.

ЏКД клубовите добииле покана за учество на Европско Првенство во Фул Контакт и Старокинеско оружје во Хелсинки, Финска, но поради немање средства на тоа првенство успеал да отиде само Си-фу Неделковски со сопствени средства и се пласирал во финалниот круг за демонстрации со старокинески оружја меѓу првите осум во Европа со демонстративна ката со две ками. Тоа било извонреден успех за почеток.

Во меѓувреме се организирале домашни Кикбоксинг турнири и првенства каде што членовите од ЏКД клубовите се натпреварувале.

Во 1993 г. Петковски Зоран почна да го  изработува и го издава првото списание за боречки спортови и вештини Јин – Јанг. На приватните телевизии ТВ КРТ и ТВ Скопје, Петковски истотака  имал сопствени контактни емисии во кои се прикажувале и коментирале најдобри светски и домашни Кикбоксинг борби.Гостувањата во спортските редакции на Македонската ТВ и радио беа редовни за членовите од ЏКД клубовите.

На Европското  Кикбоксинг првенство во Белград 1996 г., Зоран Петковски го постигна  најголемиот свој успех – првиот сребрен медал на ЕП за РМ во дисциплината Лоу Кик.

Поради несогласувањето со другиот Кикбоксинг сојуз во Македонија, Кунг Фу-Фул Контакт Сојузот истапува од ВАКО и се приклучува на ВКА – Светска федерација за кикбокс.

На Светското Првенство на ВКА во Милано 1997 г, членот на Шао Лин , Маја Витановска  освои две светски злата, во дисциплините Фул Контакт и Лоу Кик. Следната година Маја Витановска во Копенхаген го освои и третото светско злато во дисциплината Лајт Контакт, но заради невреднување на овие успеси од страна на спортските органиации во РМ - Маја разочарана си замина за Лондон (каде што и денес живее ) и го напушти спортот.

Во 1998 г, без никаква најава и образложение од директорот на Агенцијата за млади и спорт  беше соопштено дека на Кунг Фу Фул Контакт Сојузот му се одзема дозволата за застапување на Кикбоксинг спортот  и дека му се доделува на Кикбоксинг Сојузот на РМ.

Останатите клубови ја формираат Кикбоксинг Асоцијацијата на РМ, но без својот главен мајстор, Златко Неделковски.

При формирањето на школата за тренери при Факултетот за физичка култура во Скопје, Зоран Петковски бил повикан и назначен за надворешен соработник на ФФК за кикбоксинг спортот.
"Шао Лин" во тоа време броеше околу 60 редовни членови и интересот за ова боречка вештина беше од ден на ден се поголем. Многу од членовите на клубот се бореа рамо до рамо со своите “колеги” од дргуите кик бокс и боксерски клубови. Многумина од нив имаа многу победи како во Македонија , така и на турнири оргаинизирани надвор од Македонија.
Во тоа време се полагаше за ЏКД ознаки и тоа од жолта до кафена како ученички ознаки, а потоа и црни ознаки ( напредувањето нагоре беше со додавање на Тоан како титула ).
Си-фу Ивица Алексовски во тоа време е редовен член во клубот и за кратко време е еден од подобрите членови во клубот.

Алексовски ја превзема обврската да го води клубот од неговиот тренер Зоран Петковски. Во 2000 година заедно со Миодраг Константинов го основаат ЏКД Центарот за Боречки Вештини „Шао Лин“, но по заминувањето на Миодраг во странство, Ивица останува единствениот инструктор.


Во 2001 година се стекнува со ЏКД црна ознака, а во 2004 година со втор тоан во ЏКД кај Си-Фу Златко Неделковски (Начинот на стекнување ознаки во ЏКД на територија на Македонија во тој период беа различни од денешниот начин на стекнување ознаки во “Д Стронгест Македонија”).

                     

Во 2002 година Алексовски се стекнува со Black Belt Kickbox Master  под Си-фу Неделковски.

Алексовски го освојува златниот медал на Турнирот организиран од Министерството за внатрешни работи на ниво на цела држава во демонстрација на техники од самоодбрана.

Во 2003/2004 година е под водство на ЏКД, Досе Парес Ескрима и ММА инструктор Си-Фу Љубомир Јорданов.

Од 2005 година е под водство на сегашниот негов Џит Кун До, Кали,ММА и Граплинг инструктор Си-Фу Роберт Пармаковски. Тој е основач на “Џит Кун До Академијата” во Мелбурн, Австралија и е ученик на светски познатите Ден Иносанто, Пол Вунак, Ерик Полсон и Рој Харис. Ивица сега е главен инструктор во ЏКД Центарот за Боречки Вештини "Д Стронгест" и претставник за цела Македонија. Тој, под водство на Си-Фу Роберт Пармаковски е одговорен за ширењето на ЏКД низ Македонија и Балканот.

Алексовски почна да ја промовира оваа вештина на повисоко ниво со повремени емисии на телевизиите, во печатените медиуми, формирање на свој интернет сајт итн. Поради овие причини клубот секојдневно го зголемуваше своето членство и се оформи и втора група за џит кун до. Во ЏКД ЦБВ Д Стронгест” денес тренираат скоро 100 членови.
Во 2006 година го отвора вториот клуб “Д Стронгест – Аеродром” каде што за главни инструктори ги поставува Бојан Христовски ( еден од најстарите негови ученици ) и Ралев Златко. Клубот сега брои 60 редовни членови.
Во 2007 година го отвора третиот клуб “Д Стронгест – Велес” кој воедно е прв клуб кој егзистира надвор од Скопје. За главни инструктори ги поставува Стефановски Раде и Коцев Тони.Денес овој клуб не е дел од Д Стронгест Македонија.

Истата година го отвора и четвртиот клуб “Д Стронгест – Центар” каде што за инстрктори ги поставува своите постари ученици, Попоски Бојан и Брсакоски Аце.
Во 2009 година го отвора и петиот свој клуб “Д Стронгест – Карпош” и за инструктори ги поставува истотака едни од постарите свои ученици, Пангов Воислав  и Тодоровски Гоце. Денес Гоце е главниот тренер во овој клуб.
Во 2009 година под водство на Си-фу Роберт прават неколку семинари ( ЏКД, Бразилска Џиу-Џитца ) кои беа масовно посетени.
Во 2009 година под водство на Пармаковски го отвора првиот клуб за бразилска џиу-џица во Македонија. Во прво време клубот работи со два тренинзи неделно, а потоа почува да работи со три тренинзи неделно.
Во 2010 година Ивица под водство на Светскиот шампион во супер тешка категорија во таи бокс, Џавит Бајрами одржа кик-таи бокс семинар во Скопје. Како и на сите досегашни семинари и на овој семинар имаше многу учесници од други боречки вештини и клубови.
Истата година во соработка со неговиот пријател од Бугарија, председател на Крав Мага Федрацијата на Р.Бугарија, Алекс Петров прават семинар за Крав Мага. На овој семинар имаше над 120 учесници од повеќе клубови и различни боречки вештини.

Оваа година со предходен договор прави семинар во Македонија со првиот македонец кој е носител на црн појас во БЏЏ, Проф. Роберт Наумоски. По барање  на Роберт сите три тренинзи се изведуваат со кимоно. Преку Наумоски , овој клуб се вклучува во едно големо и успешно БЏЏ семејство, РООТС БЏЏ со седиште во Сиднеј, Австралија.
Во 2011 година РООТС и Д Стронгест Македонија освојуваат многу медали ( сребрен во Софија, 3 бронзени медали во Белград) и го подигнуваат имиџот на клубот на повисоко ниво.

Во април 2011 година Алексовски со свои инструктори и ученици учествува на ЏКД - Досе Парес Ескрима семинарот , организиран од ГМ Љубомир Јорданов, а воден од ГМ РИчард Бустиљо - еден од првите ученици на Брус Ли. Двата дена по пет часа дружење и тренинг со ГМ Бустиљо беше  големо задоволство за нашите членови.

Истотака во 2011 година двајца представници од Д Стронгест Македонија, Христовски Бојан и Петрески Никола земаат учество на првиот ММА турнир во Македонија, каде што Никола извојува победа.

Во месец ноември во Прилеп се одржа турнир во ММА борби, кик бокс борби и грапплинг. Во двете ММА борби членовите на “Д Стронгест Македонија” и “РООТС БЏЏ Македонија” извојуваат победи, но забележаа и победа во кик бокс и 12 победи во грапплинг.

Во месец декември на Првиот Отворен Турнир на Бугарија во БЏЏ, членот на Д Стронгест и РООТС, Јанев Ристо освои сребрен медал во категорија.