/style/images/2.jpg

Правила во ММА борбите

Објавено: 23.01.2012
Број на прегледи: 235

Сподели со твоите пријатели!

Во денешните ММА борби особено се води грижа за здравјето на борците бидејќи организаторите сакаат да ја одстранат споредбата дека ММА борбите се варварски, нечовечни и ги поттикнуваат луѓето на насилство.  Во многу држави овие борби не се дозволени и со закон се забранети.

Борците носат мали ракавици кои  се наменети за ефективно задавање на рачни удари и со истите ракавици да можат борците да изведуваат граплинг техники ( фатови, клинч борба итн.).

Како и сите други спортови и ММА борбите се поделени во категории.

Ударите со глава кои ги имало во минатото како составен дел сега се исфрлени бидејќи при удар може многу лесно да се расрквари носот или лицето на другиот и со тоа ќе се донесе несакан ефект на варварски борби.

Борбите се временски ограничени бидејќи порано тие можеле да траат и по неколу часа.

За разлика од порано денес додаденото  правилото да може  судијата да ги прекине борците за неактивност и да нареди борбата да продолжи од станата позиција е воведено затоа што во минатото ако некој на пример бил борач може воопшто да не сака да стане и да се бори, туку ќе чека на партер каде што е подоминантен.

Денешните правила во ММА борбите се нешто изменети за разлика од минатото со цел да се добие добра борба и да нема  многу повреди за да може за брзо време пак да има настап, да се добие подинамична борба, да се придобијат симпатии кај повеќето од публиката итн.

Во ММА борба победникот може да се добие:

  1. Со нокаут  :

-          доколку противникот е во зашеметена состојба од зададен удар или

-          доколку противникот е  во несвест од зададен удар;

  1. Технички нокаут;
  2. Прекината од судијата во рингот :

-          доколку едниот борец е многу подоминантен и другиот борец не  е во можност да се бори;

-           ако едниот борец има поголема повреда (скршеница, посекотина на лице итн.) и во соработка со докторот донесе одлука за прекин на мечот;

-           доколку тренерот (тимот на борецот што  е официјално покрај рингот) фрли пешкир во рингот за прекн на мечот, ако борецот не е во состојба да го доврши мечот .

2. Со зафат :

-          Доколку едниот борец со удар со раката побара да се прекине мечот ( со тапкање со раката  на подот, на телото на противникот или да каже со збор дека сака да го прекине мечот ).

  1. Со технички зафат – судијата може да интервенира и да го прекине мечот  ако :

-          Кога едниот борец е во несвест од зададениот зафат:

-          Ако борецот може да се здобие со голема повреда од зададениот зафат;

3. Со одлука на судиите – доколку борбата не заврши предвреме, тогаш побеникот ќе се реши со гласање на судиите.

 

 

За прекршок на правилата во ММА борбите ќе се смета :

  1. Удар со глава;
  2. Убод во очи;
  3. Влечење за коса;
  4. Гризење;
  5. Плукање на противникот;
  6. Ставање на прстите во уста и влечење ( fish hooking ):
  7. Фат на прсти и манипулација со нив ( доколку се држат заедно три или повеќе прсти дозволено е ова дејство );
  8. Намерно фрлање на противникот надвор од рингот;
  9. Излегување надвор од рингот;
  10. Буткање на рака во бермудите на противникот;
  11. Удар во гениталии;
  12. Удар со нога или колено во глава додека едниот противник е на под;
  13. Нагазување на противникот додека е на под;
  14. Упатување на навредливи зборови кон противникот или судијата;
  15. Напад на противникот по завршување на рундата;
  16. Избегнување на борби, намерно плукање на заштитната гума или симулирање на некаква повреда;
  17. Фрлање на противникот на глава;
  18. Намерно држење за јажињата на рингот или држење за жиците од кафезот;

Овие се некои од поважните прекршоци.

Борбата се изведува во три  рунди од по 5 минути, а доколку се работи за меч за титула тогаш е во 5 рунди по 5 минути. Паузата меѓу рундите трае 1 минута.

 Сите борци мора предходно да донесат лекарско уверение дека се способни за борба.