ЏКД – ММА – БЏЏ – Кали - Граплинг
|
|
понеделник |
вторник |
среда |
четврток |
петок |
сабота |
недела |
|
11.00 12.00 |
|
|
|
|
|
БЏЏ 11.30 - 12.30 |
|
|
18.00 19.30 |
|
|
|
|
|
|
ЏКД 1 |
|
19.30 20.30 |
ЏКД 2 19.30 – 20.45 |
ЏКД 1 19.30 - 20.45 |
ЏКД 2 19.30 –20.45 |
ЏКД 1 19.30 - 20.45 |
ЏКД 2 19.30 – 20-45 |
|
|
|
20.30 -21.45 20.45 21.45 |
ММА – Граплинг 20.45 – 22.00
|
БЏЏ 20.45 – 21.00 |
ММА 20.45 – 22.00 |
БЏЏ 20.45 – 22.00 |
ММА 20.45 – 22.00 |
|
|
Појаснување за распоредот и начинот на функционирање на Џит Кун До Центарот за боречки вештини “Д Стронгест”
Џит Кун До група – Напредна и Почетничка група
Редовните членови се поделени во две групи:
- Напредна група – ЏКД 1 – вторник, четврток 19.30 – 20.45 и недела 18.00 – 19.30;
- Почетничка група – ЏКД 2 – понеделник, среда и петок 19.30 – 20.45.
Програмата за тренинг е составена од следниве делови од концептот:
- Движења – бокс, кик бокс, таи бокс, кали, бразилска џиу џитца, сават итн.;
- Рачни удари – бокс, таи бокс, винг чун, кали, улична борба, карате итн.;
- Ножни удари – кик бокс, таи бокс, сават, кали, улична борба, карате итн.;
- Бразилска џиу џитца – падови, зафати во клинч, гушења, зафати и борба на под, разни фрлања, борба во клинч,ослободувања од зафати на под, техники на под од кои ги гледаме на натпреварите во Ултимејт Фајт, техники на под во улична реална борба ( зафат со убод во очи, зафат со гризање на противникот итн.) ; – во оваа група се изведува борба и тренинг без кимоно;
- Кали – техники на напад и одбрана со ескрими ( стапови од 65 сантиметри ), ножеви, ескрима и нож, две ескрими, два ножа, борба со голи раце итн;
- Техники на реална улична борба – кали, таи бокс, сават, бразилска џиу џитца, винг чун итн.;
- Вежби за зголемување на еластичноста, силата, кондицијата, издржливоста, концентрацијата, зголемување на психичката самодоверба, ударна издржливост, динамички мулти комплексни везби од тренинг програмата на денешните К 1 борци, Ултимејт фајт борци итн.
Спаринзите може да бидат насочени ( само бокс, само кик бокс, само клинч и борба на под ) или да бидат мешани ( комплет спаринг со примена на сите можни техники , спортски и реални).
ММА – мешани боречки вештини
Понеделник,Среда и Петок од 20.45 до 22.00 часот ( тренингот во понеделник е заедно со граплинг групата и на овој тренинг се тренираат само техники од граплингот наменети за ММА борба )
Програмата за тренинг е составена од следниве делови од концептот:
- Техники на рачни и ножни удари – бокс, кик бокс, таи бокс, карате, сават итн;
- Клинч техники и удари во клинч – таи бокс, бразилска џиу џитца, џудо, винг чун итн;
- Борба на под – бразилска џиу џитца, џудо, борење, самбо, техники и удари од повеќе боречки системи при борба на под итн;ж
- Динамички вежби за подигнување на кондицијата, издржливоста, силата, експлозивноста на повисоко ниво;
Програмата е во склад со денешните побарување во борбите со мешани боречки вештини. Најновите достигнувања во начинот на подготовка на денешните шампиони во Ултимејт фајт се пренесени во редовните тренинзи во нашиот Центар. Тука ќе се запознаете со сите техники на контрола на противник, контрола и изведување на удари во клинч и на под, ослободување од зафати, многу динамички вежби од разни боречки вештини и системи насочени кон правилно изучување на овој модерен концепт на борба. Спаринзите се изведуваат скоро секој тренинг.
Кали –филипинска боречка вештина
Моментално ова група не работи посебно, туку како дел од ЏКД тренингот
Кали е всушност систем од повеќе боречки вештини кои егзистираат на Филипините.
Карактеристично за овој концепт се техниките со ладно оружје.
Програмата за тренинг е составена од следниве делови од концептот:
- Една ескрима;
- Две ескрими;
- Нож;
- Два ножа;
- Ескрима и нож;
- Празни раце;
Се изучува движењето при напад и одбрана, техниките на удар со оружје, одбраните од оружје, разоружувањето, контролата со оружјето итн.
Истотака се прават многу спаринзи со ескрими и ножеви наменети за овој вид на спаринг за да не дојде до повреди.
Бразилска Џиу-џитца
Термини : вторник 20.45 – 22.00 ,четврток 20.45 – 22.00 и сабота од 11.30 - 12.45 часот
Програмата за тренинг е составена од следниве делови од концептот:
- Падови;
- Фрлања;
- Техники во клинч;
- Зафати – борба на ноже или на под;
- Ослободувања – борба на ноже или на под;
- Транзиции при изведување на техниките;
- Гушења;
- Контроли – во град, странична контрола, горна контрола, контрола од позади;
- Разни специфични динамички вежби од делот на самата техника;
- Физички везби.
Во овој дел ќе се запознаете со техниките и начинот на увежбување на БЏЏ на оној начин како што се тренира низ целиот свет.
Месечна членарина и членарина за еден тренинг неделно
Цена за еден месец во :
- ЏКД групите е 1200 денари (12 пати месечно),
- Бразилската Џиу Џитца 1200 денари ( 12 пати месечно ),
- ММА е 1200 денари ( 12 пати месечно ),
- Кали е 400 денари (за наши редовни членови) или 500 за надворешни членови (4 пати месечно),
- Граплинг е 400 денари за редовни членови и 500 денари за надворешни членови (4 пати месечно).
Сите групи се ограничени со број на членови.
Доколку некој сака да земе тренинзи од две вештини на пример ЏКД и БЏЏ ,тогаш ќе треба да плати 2200 денари за еден месец ( 24 тренинзи месецно ) 1200 ден. ЏКД + 1200 ден. БЏЏ = 2400 ден. со попуст 1200 денари. ЏКД + ММА = 2400 ден. со попуст 2200 денари. БЏЏ + ММА = 2400 ден. со попуст 2200 ден.
Пријавувањето за термините е во тек. Кога ќе се пополни групата со максимален број на членови нема да има упис на нови членови.